Македонија
Света Литургија и прослава на Свети Наум Охридски во манастирот на Попова Шапка

Денеска на 05.01.2025 година, кога нашата Света Црква го празнува споменот на Свети Наум Охридски, во истоимениот манастир на Попова Шапка, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф богослужеше Света литургија. На богослужбата присуствуваа свештеници од Тетовско-гостиварската епархија, како и бројни верници кои се причестија со Светите Христови Тајни. По Литургијата беа благословени и прережани кумските лебови.
Црковниот Одбор и овогодишните кумови на овој духовен бисер на Тетовско-гостиварската епархија, со многу љубов и почит ги пречекаа сите поклоници на манастирот и приредија трпеза на љубовта. На крајот од свеченоста, Митрополитот г. Јосиф се обрати со проповед, нагласувајќи го значењето на Свети Наум Охридски за македонскиот народ и неговата универзална духовна и просветителска мисија.
Митрополитот г. Јосиф рече:
„Денес сме собрани во овој свет манастир на Попова Шапка посветен на денешниот празник, за да го одбележиме споменот на Свети Наум – охридскиот чудотворец, да го прославиме достојно празникот на овој наш семакедонски светител, кој е наш постојан молитвеник пред Бога. Делото и животот на овој Божји угодник се длабоко вткаени во духовно-просветниот живот на нашата Македонија. Како основач на монаштвото на нашите простори, тој длабоко го поставил темелот на Христовата вера кај нас. Свети Наум е од исклучително значење за Македонците и духовниот живот кај нас, но исто така, неговата просветителска дејност претставува универзална придобивка за сите словенски и воопшто за сите христијански народи во светот. Тој како просветител се трудел да ги научи луѓето на евангелските морални принципи, бидејќи знаел дека многу гревови извираат од човечките незнаења. И тогаш како и денес, најголем проблем и извор на злото било незнаењето, кое води до помраченост на умот. Последиците од помраченоста на умот се големи и погубни и за нашето општество. Тие започнуваат од неправилен начин на живеење, па водат се до воведување на нови и туѓи надметнати „вредности“, под слоганот на таканаречената демократија. Затоа, како православни верници да бидиме постојано трезвени и будни, да ги почитуваме вистинските вредности, кои како наследство ни ги оставил во аманет нашиот денесен славеник, великиот Наум. Наоѓајќи се на крајот од Божиќниот пост, а на самиот почеток од овие празнични денови кои ни следуваат, да се помолиме на Светиот Наум Охридскиот Чудотворец, по неговите свети молитви и нам Господ да ни ги просветли нашите умови, да ги очисти нашите срца од секакви грешни желби, похоти, страсти, грешни дела и да ни даде духовни сили за достојно да го пречекаме Христовото рождество. По молитвите на Свети Наум, Господи Исусе Христе, Сине Боже помилувај нè и спаси нè нас. Амин. Нека е за многу години манастирската слава! На сите Вас кои го славите овој ден како куќна слава и го носите неговото име, ви честитам и посакувам многу здравје, радост и благослов во животот.“
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос