Поврзи се со нас

Гостивар

Света литургија во црквата Св.Петка во Гостивар по повод денешниот празник Петковден

Објавено

на

Во чест на празникот Петковден во храмот „Св. Петка“ во Гостивар утрово беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тетовско – гостиварски г. Јосиф во сослужение на протоереј-ставрофор Марјанчо Мадевски, ереј Мартин Андоноски и ѓакон Славчо Ѓорѓески.

По завршувањето на Литургијата беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Јосиф се обрати кон верниот народ со пригодна беседа на која помеѓу останатото истакна:

„Денес согласно црковниот календар на нашата Православна црква се собравме во овој храм во Гостивар литургиски да го одбележиме блажениот спомен на од нас секогаш торжествено прославуваната мајка, преподобната Параскева. Ние денеска ја прославуваме света преподобна Параскева – Петка, и не би сакале да зборуваме за нејзиното житие, бидејќи истото ни е релативно познато, секако на некого повеќе, а на некого помалку. Ниту света Петка, ниту сите останати Божји угодници, независно дали се маченици, светители, преподобни и слично, никој од нив не се родил како светител. Сите имале пат по кој живееле и се издигнале на таа височина, да се уподобат да бидат светители во Царството Божјо и да бидат прифатени и прославувани од светата Црква, како Божји и свети угодници. Само со нивен труд и подвижништво, сигурно не ќе можеле да ја постигнат зададената цел, да бидат свети, како што е Свет и нашиот Отец Небесен (Ис.11; 44). Тие тоа го оствариле со помош, поткрепа и содејствие на Светиот Дух. А, за да го придобијат Светиот Дух, да им биде помошник и содејствител, била потребна нивната чиста вера, добри дела како предуслов да се пројави тоа взаемно содејство и синергија, помеѓу Светиот Дух и човекот, а преку тоа и да се оствари светоста. Живеејќи во времиња на парадокси и последователни морални ерозии на интегритетот на човековата личност, кои го помрачуваат вистинското и правилното расудување и однесување на човекот, особено е значаен споменот на света Петка, поради нејзиниот идеален христијански и свет живот. Во ликот и делото на преподобната го имаме вистинскиот образец за тоа како треба да изгледа животот на христијанинот, на секој еден крстен човек. Од неа можеме да се научиме на кротост, смирение, трпение, храброст, љубов кон секој човек и на секоја друга морална вредност, која ни е потребна за да го сочуваме светот, себеси и другиот. Доаѓа време кога секој од нас, но и целокупното човештво ќе мора да каже стоп на гревот и неверието. Прославувајќи ја денес света Параскева – Петка, да се обратиме со искрена молитва и вера, како и кон останатите Божји угодници, тие да измолат милост Божја, па благодатта на Светиот Дух, да биде со нас. Преку тоа да можеме да го победиме секој грев и лоша мисла да одиме по вистинскиот Христов пат и да стасаме во Царството Божјо“.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Македонијапред 2 недели

Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус

Вестипред 3 недели

УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ

Гостиварпред 3 недели

Полициски службеник и уште едно лице осомничени за продажба на кокаин во Гостивар, Тетово и Скопје

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар одбележани 80 години од загинувањето на борецот херој, Сретко Крстески

Гостиварпред 3 недели

Пронајдени гранати при ископ на тротоар во Гостивар

Македонијапред 4 недели

Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година

Гостиварпред 3 недели

Пукање на улица во Гостивар, едно лице лишено од слобода

Гостиварпред 3 недели

Таравари во болницата во Гостивар промовираше инвестиции од околу 400.000 евра

Гостиварпред 4 недели

Повреден 18 годишник од Гостивар на забава во викендица во Маврово

Гостиварпред 1 месец

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 3 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 4 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 9 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 9 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 11 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 11 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 1 година

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена