Поврзи се со нас

Гостивар

Света литургија во црквата ,,Успение на Пресвета Богородица” во Гостивар: Не осудувајте, не мразете, од срце проштевајте!

Објавено

на

Утрово во неделата на митарот и фарисејот, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф богослужеше Света литургија во Соборниот храм ,,Успение на Пресвета Богородица” во Гостивар.
По завршувањето на литургијата, Митрополитот г. Јосиф се обрати кон верниците со пригодна беседа на која меѓудругото истакна:

„Мојата денешна беседа ќе ја започнам со една убава мисла која што ја прочитав неодамна кај старец Тадеј: ,,Луѓето често судат без да знаат за внатрешните борби на ближните. Ако само знаеја што има во срцето на ближниот, би се исполниле со сочуствителност”. Со оваа недела настапува подготвителниот период за прослава на Празникот над празниците, односно на светлото Христово Воскресение. Овој пат е Велигденскиот пост, кој е период на испитување на нашата совест, период на покајание за нашите гревови и пат на издигнување на нашите души. На тој пат, ако појдеме без Господа и без Неговата благодат која Он ја дава на секого од нас, ние сме ништо. Светите отци велат: „Не гордеј се, човеку, зашто си прав и пепел”. Наредните три празника: Неделата на митарот и фарисејот, на блудниот син, и на Второто доаѓање (Недела месопусна), треба да послужат како еден вид подготовка, поука за почетокот на постот, како да се подготвиме за духовниот подвиг на постот и како да се ослободиме од вообичаените скверни навики. Денешното Евангелие ни поставува два примера. Едниот е фарисеј, а другиот цариник (Лк. 18, 10). Пред нас се двајца кои се молат пред Бога. Но, Срцевидецот Господ открива со какви тајни помисли е исполнето срцето на секого од нив. Во што е разликата меѓу овие двајца? Навидум, разликата е многу едноставна и очигледна: првиот извршувал сè правилно, а вториот сè неправилно! Првиот стоел на вистинското место во храмот, во правилна поза, со очите подигнати кон небото, со зборови исполнети со благодарности и пофалби, а вториот стоел онаму, каде што не било добро за стоење, со поглед вперен надолу, а од неговите гради излегувале само воздишки и лелекања. Значи, разликата е доволно јасна. Нивните животни патишта битно се разликувале и разминувале. Сепак, кардиналната разлика меѓу нив се состои во нешто друго, а тоа е состојбата и подготвеноста на нивната душа да се појави пред Бога онаква, каква што е навистина. Митарот, иако јавен и признат грешник, бил свесен за тоа и затоа немал изговор за својата бедна состојба во која се наоѓал, а фарисејот, иако исполнувал сè според Законот, сепак, не нашол храброст да ја наведне својата глава пред Семожниот Спасител, туку гордо и надуено се фалел со своите способности. Секој кој се понижува ќе биде воздигнат, секој кој се воздигнува ќе биде понижен и затоа Бог на гордиот ќе му допушти искушенија за да си ја скрши гордоста, да се понижи и да се смири и на тој начин да си ја спаси душата. И ние да се молиме заедно со смирениот цариник. Да се потсетиме дека сме недостојни и сето она што го имаме ни е дадено од Неговата голема љубов и поради Неговото големо трпение”. Ќе завршам со зборовите од схиигуменот Сава Псково-Печерски: ,,Имајте ги трите основни добродетели:
– Никого не осудувајте;
– Никого не мразете;
– На сите од сè срце проштевајте”. Амин!“

На литургијата верниците се причестија со Светите тајни на христијанството.

Сподели ја веста:
Advertisement
Македонијапред 5 часа

Во дискотеката во Кочани незаконски се користела пиротехника, немало доволно ПП апарати

Македонијапред 10 часа

МВР за пожарот во Кочани: Осомничени над 20 лица, фирмата немала легална лиценца

Македонијапред 13 часа

Седумдневна жалост во Македонија за трагедијата во Кочани

Македонијапред 14 часа

Централна потерница за 4 лица во врска со пожарот во дискотеката во Кочани, увидот сѐ уште трае

Македонијапред 15 часа

Над 150 млади лица повредени во пожарот во Кочани хоспитализирани во болниците низ земјава

Македонијапред 17 часа

Голема трагедија-51 лице загина во пожар во дискотека во Кочани, стотина се повредени

Здравје и убавинапред 1 ден

Вежба „4-7-8“ против несоница

Светпред 1 ден

Илјадници демонстранти на улиците во Белград: Студентски протести против корупцијата и неефикасноста на владата

Вестипред 1 ден

Извлечени се лицата чиј чамец се преврте во Мавровско Езеро

Гостиварпред 4 недели

Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар

Македонијапред 4 недели

По 1.000 денари месечно субвенции за сметките за струја ќе добиваат ранливите групи

Гостиварпред 4 недели

Вешта жена 2025 во Гостивар: Сплотени да шириме љубов, убавина и добрини!

Гостиварпред 4 недели

Девојки од Украина, Бугарија и Србија приведени во локал во гостиварско

Гостиварпред 4 недели

Јасмина Топалоска победи на Вешта жена 2025 во Гостивар

ФОТО ВЕСТпред 3 недели

ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести

Гостиварпред 4 недели

Управните служби на МВР од денес со ново работно време

Гостиварпред 2 недели

Згрозувачки објави на Инстаграм за девојки од Гостивар, профилот се пријавува

Македонијапред 4 недели

Се крои нова листа на работни места со бенифициран стаж

Гостиварпред 2 месеци

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 месеци

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 месеци

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 4 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 6 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 8 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 12 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 година

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена