Гостивар
Света литургија во Гостивар-Да размислиме за нашите гревови, да правиме добри дела, порача Владиката г.Јосиф

Утрово во петтата седмица на Великиот пост – Неделата на преподобна Марија Египетска, во соборниот храм „Пресвета Богородица“ во Гостивар, беше отслужена света архиерејска Василиева Литургија, на која што чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.
Во својата беседа Митрополитот г. Јосиф меѓу другото нагласи: Оваа недела од Велигденскиот пост светата Црква ја посветила на преподобна Марија Египетска. Во деновите на пост и покајание, споменот на оваа Божја угодничка се покажува посебно спасоносен и значаен за нас христијаните. Сите ние сме потопени во гревови. Така, многумина наоѓајќи се во грев, паѓаат во очајание и тешко им е да соберат сила за да се издигнат од тој валкан живот. Токму во оваа насока, поучно и утешително нам грешните може да ни послужи целокупниот живот на света Марија Египетска, кој е восхитувачки поради нејзините големи подвизи. Да размислиме за нашите гревови, но тие да не нѐ соблазнат и одведат во очај. Еве, пред нас имаме пример на голема грешница и на големото милосрдие Божјо кое сѐ простува. Да не допуштиме привлечноста кон гревот да нѐ поробува и да го намалува стремежот за поправање. Преподобна Марија Египетска била голема грешница, но со подвизите успеала да ги победи телесните задоволства и така се издигнала над пороците, уподобувајќи се по чистота на ангелите. Преку овој пример, нашата свeта Црква, нè повикува да го исползуваме овој временски период за покајание, пост и молитва. Да ги отсечеме сите наши слабости, страсти, гревови и престапи. Да ги засакаме правдата, милосрдието, љубовта и да правиме добри дела. Па така, и ние да се очистиме од сите наши престапи и достоинствено да се соединиме со Господа Бога.“
На крајот на литургијата верниците се причестија со Светите Тајни.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 1 недела
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение