Гостивар
Света литургија во Гостивар на Велика Сабота: „Нашата тага нека стане радост, да ги раскинеме оковите и гревовите кои нѐ држат затворени во смртната сенка“

На Велика Сабота, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на протоереј-ставрофор Марјанчо Мадевски, протоереј Александар Јанкоски и ѓакон Славче Ѓорѓески, отслужи Вечерна со Света Василиева Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица” во Гостивар.
Во својата беседа митроплитот г. Јосиф меѓу другото нагласи:
„Добро знаете дека во Ерусалим, на Велика Сабота, во гробот Господов секоја година се случува чудо: Бог го дава Светиот благодатен оган на Ерусалимскиот патријарх и преку него, на сите луѓе. Од гробот Христов, верниците го разнесуваат огнот до сите домови во Светата Земја, а поклониците (аџиите кои биле таму), го носат низ целиот свет. Цел свет се осветлува со светлината на Христовото воскресение и светлината на Христа – Сонцето на правдата и радоста. Бев лично сведок пред две години, благодарение на благословот од нашиот Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан на таа радост, кога го донесов благодатниот оган во нашата мила Македонија. Денес, во благословена сабота, во која преку оплакувањето и молкот се надѕиркува Христовата победа над гревот, смртта и ѓаволот, созерцавајќи ја таа спасителна и воскресенска тајна, да ги направиме последните подготовки за достојно пречекување на Христовото Воскресение, на Пасхата, која е празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот. Нашата тага нека стане радост. Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението и да ги раскинеме оковите и гревовите кои нѐ држат затворени во смртната сенка. Со вера, надеж и љубов во Христовото воскресение, во оваа спасоносна и светлозрачна ноќ, на невечерниот ден, заедно со членовите на нашата домашна црква, од нашите домови да земеме учество во вечната победа на животот, правејќи премин од смрт во живот, преку решителноста да ја прифатиме вечно подадената Христова рака, Која и денес е подадена за избавување од нашите страданија, без разлика каде ќе ја дочекаме радоста на Неговото тридневно воскресение. Во пресрет на празникот, да ги засилиме нашите молитви за болните кои се по болниците и сите оние кои пострадаа во Кочани, и за оние кои и во овој ден се на работните места и кои во таков работен амбиент ќе ја пресретнат најголемата вест, со надеж дека и тие како апостолите ќе го слушнат Христовиот глас на победата кој гласи: „Радувајте се!“ (Матеј 28,9). Посакувам воскресенската радост преточена во најрадосниот поздрав: „Христос воскресе!“ Уште еднаш на крај сите да речеме: Со Твоето неискажливо снисходење, Христе Боже наш, помилувај нѐ! Амин! Бог да ве благослови и дај Боже вака да го гледам храмот исполнет со верници секогаш да сведочите дека сме жива црква на живиот Бог.“
На литургијата верниците се причестија со Светите Христови Тајни.
фото: тетовско-гостиварска епархија
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 1 недела
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог