Македонија
Света литургија во Лешочки манастир по повод Голема Богородица
Во храмот Успение на Пресвета Богородица – Лешочки манастир, по повод денешниот празник, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот тетовско-гостиварски г.Јосиф. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот г.Јосиф се обрати кон верниците со пригодна беседа.
„Да се помолиме Богородица Мајка да ни помогне пред сè да станеме подобри луѓе. Овој празник нека нè потсети на љубовта и почитта кон родителите и кон нашата обврска да се грижиме за постарите. Правете им добро за добро и вам да ви се врати. И, како што рекол нашиот народ не копајте гроб на друг, оти сами ќе паднете во него. Пресвета Богородица, мили мои, е постојано со сите нас. Светиот Григориј Палама, во својата проповед за Успението на Богородица вели дека „Таа стои помеѓу Бог и целиот човечки род“. Несомнено таа е најубавиот украс, и Неа и прилега најголемата чест и слава, бидејќи со Неа човечката природа е воздигната на највисок степен на моралното усовршување. Заради тоа Богородица е најблиску до Бога. Земена во Христовите прегратки и вознесена на небото, Таа постанала прва и најголема застапничка на луѓето пред Бога, Која и денес се застапува за сите нас што на денешниот светол ден стоиме пред Нејзиниот успенски лик. Затоа Нејзините молитви ни се навистина потребни на сите нас.“, истакна Владиката во својата беседа.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар