Поврзи се со нас

Гостивар

Света златоустова литургија за Крстовден во „Св.Петка“ во Гостивар: Да го носиме својот Крст без спротивставување и роптање

Објавено

на

    На денешниот празник, Воздвижение на Чесниот Крст – Крстовден, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше Света Златоустова литургија во храмот „Св. Петка“ во Гостивар, во сослужение со свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво.

    Пред започнувањето на Литургијата, според Црковниот устав, среде храмот беше изнесен светиот Крст, каде што беше воздвижен, а свештенството и верниците се поклонија пред духовното оружје, кое е слава на Црквата и поткрепа на верните.

    Во својата беседа Митрополитот г. Јосиф меѓу другото истакна:

    „Денеска го прославуваме Воздвижението на чесниот и животворен Крст Господен. Тоа е празник за целиот свет. Се воздигнува Крстот Христов за да паднат бесовите и да бидат победени. Се воздигнува за и ние да се воздигнеме и да стоиме цврсто. Да гледаме кон небото и да си спомнеме за страдањата Христови. За страдањата кои Он ги претрпе заради нашето спасение и да Му благодариме за Неговата безмерна добродетел кон нас. На овој ден се празнуваат два настани поврзани со Чесниот Крст: прво, пронаоѓањето на Чесниот Крст на Голгота, и второ, враќањето на Чесниот Крст од Персија во Ерусалим. Ние денеска овде во овој храм во Гостивар, се поклонуваме на Животворниот Крст Господов, благодарејќи Му на Бога за Неговата љубов. Му благодариме затоа што не нè остави и не Го жалеше Својот Единороден Син. Го жртвуваше за да можеме да дојдеме до Него и да се вратиме во Татковиот дом. Драги браќа и сестри, со искрена молитва, со очистено срце, со понизност и смиреност, да пристапиме и да се поклониме пред чесниот Крст Господов и запомнете дека треба да го носиме својот Крст без спротивставување и роптање, бидејќи вистинскиот христијанин никогаш не се противи на божјата промисла. На крај да им честитам именден на сите кои имате име Крсто, Крсте, Крстана. Нека чесниот и животворен Крст сите не заштитува. Амин!“

    На литургијата верниците се причестија со Светите Христови Тајни.

    фото: тетовско-гостиварска епархија

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена