Поврзи се со нас

Гостивар

Светиот крст во Гостивар за Водици го фати Благојче Велјановски

Објавено

на

Светиот крст што во водите на Вардар беше положен во Гостивар, на големиот христијански празник Богојавление Водици, годинава го фати Благојче Велјаноски. Од триесетината гостиварци кои скокаа по крстот во студените води на реката, овојпат него го послужи најголема среќа. Од насобраните верници кои дојдоа заедно да го чествуваа празникот, стигнаа искрени честитки и желби за здравје, бериќет и благосостојба.

Прославата на празникот започна утрово со света литургија во соборниот храм „Пресвета Богородица“ на градскиот плоштад. По богослужбата, литијата тргна од црквата и преку централното градско подрачје се движеше до малиот мост на Вардар, пеејќи ја песната „Во Јордање“. Од таму Митрополитот тетовско-гостиварски г.Јосиф го изврши чинот на осветување на водите и го положи светиот крст во реката.

Секоја година одбележувањето на Водици во Гостивар станува се помасовно. Илјадници граѓани, стари и млади, се приклучуваат на манифестацијата со што се создава вистинска празнична атмосфера и достоинствено негување на традициите.

Годинава во Гостивар Водици се славеше со положување на крстот во Вардар по шести пат, откако во 2015-та се возобнови традицијата.

Бог се јави-Навистина се јави!

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена