Гостивар
Светиот крст во Гостивар за Водици го фати Благојче Велјановски
Светиот крст што во водите на Вардар беше положен во Гостивар, на големиот христијански празник Богојавление Водици, годинава го фати Благојче Велјаноски. Од триесетината гостиварци кои скокаа по крстот во студените води на реката, овојпат него го послужи најголема среќа. Од насобраните верници кои дојдоа заедно да го чествуваа празникот, стигнаа искрени честитки и желби за здравје, бериќет и благосостојба.
Прославата на празникот започна утрово со света литургија во соборниот храм „Пресвета Богородица“ на градскиот плоштад. По богослужбата, литијата тргна од црквата и преку централното градско подрачје се движеше до малиот мост на Вардар, пеејќи ја песната „Во Јордање“. Од таму Митрополитот тетовско-гостиварски г.Јосиф го изврши чинот на осветување на водите и го положи светиот крст во реката.
Секоја година одбележувањето на Водици во Гостивар станува се помасовно. Илјадници граѓани, стари и млади, се приклучуваат на манифестацијата со што се создава вистинска празнична атмосфера и достоинствено негување на традициите.
Годинава во Гостивар Водици се славеше со положување на крстот во Вардар по шести пат, откако во 2015-та се возобнови традицијата.
Бог се јави-Навистина се јави!
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар