Занимливости
Светот на парите – Од што се изработени банкнотите ширум светот?

Доколку извадиме било која банкнота од нашиот паричник и провериме кога е произведена, најчесто ќе забележи година како 2012 или 2013. Тоа значи дека банкнотата е стара повеќе од една деценија. Вообичаено, хартија од таа возраст би била веќе истрошена и распадната, но банкнотите и понатаму изгледаат изненадувачки добро. Причината за тоа е што тие не се изработени од обична хартија.
Парите се главната алка на светската економија, што значи дека тие пред се мора да бидат издржливи, за да можат да издржат секојдневно префрлање од рака на рака, виткање, па дури и туткање во џебовите, евентуално влажнење и изложување на сонце.
Покрај тоа, парите треба да бидат заштитени од фалсификување и неовластено дуплирање. Поради сето ова, хартиените банкноти не се направени од хартија (иако така се нарекуваат), туку од посебна мешавина на материјали, но тоа зависи од државата, односно валутата.
Американски долар и Еврата
Банкнотите на американските долари се направени од малку поинаква мешавина на материјали: во основа доларот е 75 отсто памук и 25 отсто лен. Оваа мешавина им дава на банкнотите уникатна текстура и исклучителна долговечност. Во просек секоја банкнота од долар „живее“ по 7 години или повеќе, што би било невозможно кога би била од хартија. Модерните американски долари се познати по својот елементарен, но функционален дизајн, со иконични фигури од американската историја, како што се претседателите и основачите на САД.
Хартиените пари на официјалната валута на Европската унија, еврото, се произведуваат од 100% памук, без никакви адитиви, се наведува на веб-страницата на Европската централна банка. Благодарение на овој состав, банкнотите имаат поцврста текстура и можат да „преживеат“ дури и до контакт со вода. Со производство на банкноти се занимаваат дури 11 специјално сертифицирани печатници.
Руска рубља
Обичната хартија не може да се нарече долготраен и отпорен материјал, а за производство на хартиени банкноти во Русија се користат други суровини – најчесто памучни влакна, кои содржат високо ниво на целулоза (меѓу 96 и 98 проценти). Овој материјал се карактеризира со висока белина, исклучителна флексибилност и отпорност на трошење.
Над основниот материјал за изработка на рубља се нанесува посебна боја (за да се „додели“ вредност на секоја банкнота и на сите други украсни елементи), а на крајот банкнотата се премачкува со специјална антибактериска обвивка. За дополнителна заштита, секоја банкнота од руската рубља последователно е покриена со специјален полимер лак со додавање на желатин.
Виетнамски донг и Тајландски бах
Банкнотите во тропските земји се направени од различни материјали, бидејќи тоа го налагаат климатските услови. Така, на пример, Виетнамскиот донг и Тајландскиот бах се направени со додавање на посебен вид пластика, која обезбедува хартиени пари со дополнително ниво на заштита од влага и високи температури. Во спротивно, брзо би избледеле и би ја изгубиле функцијата.
Македонски денари
Македонските банкноти се изработуваат од два типа материјали – памучна хартија и полимер. Додека поголемиот дел од банкнотите, како што се 100, 500, 1000 и 2000 денари, сè уште се изработуваат од специјална памучна хартија.
Од пред неколку години полимерни банкноти (иако климатските услови не бараат такви банкноти) се користат и во Макеоднија, па така банкнотите од 10 и 50 денари, како и онаа од 200 денари, се веќе изработени од полимер – материјал кој е поотпорен на влага, кинење и трошење и нуди повисоко ниво на заштита од фалсификување.
Нашата држава на овој начин им се придружи на Австралија (која прва воведе пластични банкноти), Канада, Велика Британија, Нов Зеланд, Брунеи и Романија.
Швајцарски франци
Швајцарскиот франк важи за една од технолошки најнапредните валути во светот. Неговата најнова, деветта серија банкноти, целосно е изработена од полимер, што овозможува високо ниво на издржливост и безбедност. Банкнотите се отпорни на влага, нечистотии и физички оштетувања, а истовремено содржат низа напредни безбедносни елементи – транспарентни прозорчиња, микротекст, подвижни графики и тактилни ознаки.
Интересно е што дизајнот на швајцарските франци не се фокусира на личности, туку на апстрактни теми како светлина, вода и време, што претставува свеж пристап во светот на банкнотите.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 1 недела
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог