Поврзи се со нас

Македонија

Светски ден на детето

Објавено

на

Овој ден може да ни послужи сите нам како инспирација да ги промовираме, застапуваме и славиме правата на децата, така што ќе почнеме да разговараме и да преземаме акции што ќе направат подобар и поправеден свет за децата, се наведува во пораката на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ по повод Светскиот ден на детето – 20 Ноември.

-Сите: мајки, татковци, наставници, медицински сестри и доктори, водачи и граѓански активисти, религиозни и лидери во заедниците, деловни могули и медиумски професионалци, како и самите млади и деца, може да имаат важна улога во тоа да го направат Светскиот ден на децата важен во своето општество, заедница и држава. Од климатски промени, образование и ментално здравје, се до стоп за расизам и дискриминација, децата и младите го креваат својот глас за прашања важни за нивната генерација и повик до возрасните да создадат подобра иднина, стои во пораката.

Светскиот ден на детето востановен во 1954 ги промовира меѓународното заедништво и свест меѓу децата низ целиот свет и добросостојбата на децата. На 20 ноември 1959 година Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Декларацијата за правата на детето, а на 20 ноември 1989 година Генералното собрание на ОН ја усвои Конвенцијата за правата на детето.

Во пресрет на одбележувањето на Светскиот ден на детето, Народниот правобранител завчера презентираше наоди од истражување по анонимен онлајн-прашалник на 1147 средношколци од 14 училишта во Скопје, кое покажува дека 68 отсто од испитаниците не препознаваат орган/институција каде што би се обратиле за заштита при повреда на некое право.

– На прашањето колку се охрабрени да пријават повреда на правото – 84 отсто од учениците се охрабрени, што е навистина добар показател. Но, разочарувачки е податокот што дури 68 отсто од одговорите покажуваат непрепознавање орган или институција во државата каде што би можеле да се обратат за повреда на правата, рече на презентацијата заменик народниот правобранител Васка Бајрамовска-Мустафа.

Според истражувањето, најчести причини за непријавување на повредата се страв или срам, недоверба дека би имало позитивен ефект или затоа што не знае каде да пријави.

Заменик народната правобранителка нагласи дека од особена важност е децата да ги знаат своите права, содржани во Конвенцијата за правата на детето, да ги знаат механизмите за заштита бидејќи само детето што го знае правото, рече таа, може да препознае кога му е повредено.

– Само дете кое знае дека се забранети физичкото, психичкото и емоционалното  насилство или сексуалната злоупотреба, ќе знае дека со некоја постапка му се прави булинг, му се врши повреда на правото и, знаејќи ги органите, ќе знае каде треба да го пријави тоа. Не да молчи и да очекува, како што има одговори во истражувањето: „Никој  нема да му посвети внимание на 16-годишно дете“ или „Не сум сигурен дека некој од органите ќе го земе тоа сериозно“, рече Бајрамовска-Мустафа.

Таа апелираше до учениците да се обратат за секаков вид повреда или за совет во Народен правобранител  и дека институцијата многу сериозно ќе ги сфати нивните пријави.

Повика и да им се посвети големо внимание на стручните служби во училиштата, тие да бидат екипирани и соодветно обучени за препознавање на повредите на правата на децата и да ги охрабруваат за пријавување.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 31 минута

Сремуш – одлично средство за чистење на организмот после зимските месеци

Македонијапред 1 час

Прилагодена брзина и внимателно возење по влажните коловози

Македонијапред 13 часа

Вечерва значително посвежо време, инфо за измерени температури и прогноза за утре

Здравје и убавинапред 13 часа

Дали замрзнатото овошје и зеленчук е исто толку добро како и свежото?

Македонијапред 16 часа

Втор повик за грантови за модернизација во земјоделие

Гостиварпред 17 часа

Лишен од слобода 19-годишник осомничен за кражба на добиток во Добридол

Македонијапред 18 часа

Вработените во Шумско ќе го радикализираат протестот! Немаат плати, теренски додатоци…

Македонијапред 19 часа

Апел од ЦУК за внимателност заради временските неприлики

ИЗБОРИ 2024пред 19 часа

Училиштата ќе работат во вторник, ќе бидат затворени само просториите со избирачки материјал

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена