Вести
Светски ден на книгата, 30 минути читање=30 минути јога!

Во светот денеска се одбележува Светскиот ден на книгата и авторското право – 23 Април, востановен од УНЕСКО во 1995 година. Овој датум се празнува секоја година глобално, како симболичен датум во светската книжевност бидејќи токму овој ден е поврзан со брилијантните личности на пишаниот збор како Мигуел де Сервантес, Вилијам Шекспир, Лопе Де Вега.
Едно истражување спроведено на Универзитетот Јејл докажало дека луѓето кои читаат по најмалку 30 минути дневно живеат подолго од оние кои не читаат. Најдолг животен век имаат оние кои читаат фикција, а најкраток луѓето кои читаат списанија и весници. Друга студија покажала дека со само шест минути читање секој ден се намалува стресот за 68 проценти. Ефектот од читање триесет минути е како триесет минути да вежбате јога.
Неколку цитати за книгите и читањето:
„Никогаш не ја одложувајте за утре книгата што можете да ја прочитате денес“, Борхес
„Читањето е билет со попуст до секаде“, Фрост
„Читателот живее илјада животи пред да умре . . . Човекот кој никогаш не чита живее само еден“, Мураками
„Соба без книги е како тело без душа“, Декарт
„Има и полоши злосторства од спалување книги. Едно од нив е истите да не се прочитаат“, Бродски
„Треба да читаме за да ѝ овозможиме на нашата душа да се насладува.“, Милер
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 1 недела
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение