Поврзи се со нас

Вести

Светски ден на книгата-Да ги негуваме и браниме книгите како симбол на надеж и дијалог

Објавено

на

Книгите се сила за справување со современите предизвици, за разбирање на политичката и економската реалност и за борба со нееднаквостите и дезинформациите. Раскажувањето приказни е неверојатно ефикасна алатка за едукација на помладите генерации, вели Одре Азуле, генерална директорка на УНЕСКО, во годишната порака по повод Светскиот ден на книгата и авторското право – 23 Април.

Истакнува дека издавачката индустрија  се соочува со големи пресврти, особено дигиталната трансформација, а предизвиците станале премногу јасни за време на KОВИД-19, кога падот на приходите ја зголеми ранливоста на авторите и продавачите на книги, како и другите креативни професионалци, а културната разновидност, исто така, беше загрозена бидејќи се намали бројот на објавени наслови.

-Во неизвесни времиња, мораме да ги негуваме и браниме книгите како симболи на надеж и дијалог. Ова значи да се солидаризираме со професионалците кои го шират нашето книжевно наследство – писатели, уредници, издавачи и преведувачи. Додека градат мостови низ континентите и културите, овие професионалци мора да бидат заштитени и да се признае нивната вредност. УНЕСКО е цврсто посветен на оваа цел. Во време кога дигиталната технологија го менува лицето на издавачката индустрија, ние се залагаме за правично наградување на авторите и заштита на културната различност, се наведува во пораката на генералната директорка на УНЕСКО.

Светскиот ден на книгата и авторското право е прогласен од Организацијата на ОН за образование, наука и култура во 1995 година за да се промовира читањето, објавувањето и авторските права. Избран е 23 април –датумот на кој во 1616 година починале тројца големи книжевни автори – Вилијам Шекспир, Мигел де Сервантес и Инка Гарсиласо де ла Вега.

Во 2001 година УНЕСКО ја воспостави и програмата Светска престолнина на книгата.  Престолнина во 2022 година е мексиканскиот град Гвадалахара кој ќе има  едногодишна програма фокусирана на улогата на книгите и читањето во поттикнувањето општествени промени, борбата против насилството и градењето култура на мир.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена