Поврзи се со нас

Македонија

Светски ден на медицинските сестри, неопеани херои на здравството

Објавено

на

12 мај е Меѓународен ден на медицинските сестри и техничари се одбележува секоја година во знак на сеќавање на роденденот на Флоренс Најтингеjл.

Флоренс Најтингеjл е родена во Фиренца, Италија  на 12 мај 1820 година. Целиот свој  живот се борела за унапредување на својата професија и правата на жените. По завршување на школувањето се пријавила за заминување во Турција каде што заедно со уште 38 медицински сестри се грижела за ранетите војници. Тоа била првата група на жени медицински работници на фронт. Била нарекувана „Госпоѓата со ламбата“, поради нејзината навика ноќе да ги проверува ранетите војници.

Флоренс Најтингеjл се смета за пионер на модерното сестринство во светот. Таа, исто така дала придонес во промовирањето на графичкото претставување на статистички податоци. Иницирала стручно образование на медицинските сестри и вовела методи за нега на пациенти и организација на болници, кои се прифатени во многу земји.

Светската здравствена организација на Меѓународниот ден на  сестринството оваа година им оддадава почит на тие што ги загубија  своите животи во оваа борба, како и поддршка на здравствените работници кои што успешно секојдневно се справуваат со вирусот на Ковид-19.

Медицинските сестри и другите здравствени професионалци се во првите редови во борбата против  Ковид-19 – со обезбедување висококвалитетен третман и нега и почитување на оние на кои им е потребна помош, водејќи дијалог во заедницата за решавање на стравовите и проблемите. Медицинските сестри како важна алка во здравствениот систем активно се вклучени во борбата со пандемијата од собирање на податоци за клинички и епидемиолошки студии, епидемиолошки анкети, преку активна грижа за пациентите и заедницата се до процесот на вакцинација  против Ковид-19. Меѓународниот ден на медицинските сестри треба да го потенцира моменталниот статус на медицинските сестри низ целиот свет.

„Медицинските сестри играат клучна улога во здравствената заштита и честопати се неиспеани херои во здравствените установи. Тие често се првите кои ги откриваат здравствените итни случаи и работат во првите редови на превенција на болести и испорака на примарна здравствена заштита, вклучително и промоција, превенција, третман и рехабилитација. Тие често се првиот, а понекогаш и единствениот здравствен работник што ќе го види пациентот и квалитетот на нивната првична проценка и последователната грижа е од витално значење за добри здравствени резултати. Со голема почит кон медицинските сестри за нивното залагање и пожртвувана работа и грижа за здравјето на населението во услови на пандемија, може да се каже: Вие сте нашите херои!, потенцираат од Институтот за јавно здравје.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена