Македонија
Светски ден на мултиплекс склероза – болест со 1.000 лица

Триесетти мај се одбележува како Светски ден на лицата со мултиплекс склероза, болест од која страдаат над 2,5 милиони луѓе ширум светот. Тоа е невродегенеративно заболување и автоимуна болест која првенствено ја напаѓа белата маса на централниот нервен систем. Повеќето пациенти се дијагностицираат на возраст помеѓу 25 и 31 година, а околу два пати повеќе од дијагностицираните лица се од женски пол.
Мултиплекс склерозата што може различно да се манифестира кај секое лице. Меѓу симптомите кои може да се јават се заматен вид, треперење, нестабилност, проблеми со меморијата, замор, силни болки во нозете, грчеви и мускулна вкочанетост. Уште се нарекува „болест со 1.о00 лица“.
Светскиот ден на луѓето со мултиплекс склероза ја прославува глобалната солидарност и надеж за иднината. Се спроведуваат настани и кампањи посветени на ширењето на свесноста за оваа болест и споделување на лични искуства.
Мотото на годинашното одбележување е „Мојата невидлива МС“, во насока на обрнување на поголемо внимание за невидливите симптоми на болеста и нивното негативно влијание врз квалитетот на живот на пациентите.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 2 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар