Вести
Светски ден на слободата на медиумите

„Обликување на иднината на правата: Слободата на изразување како двигател за сите други човекови права“ е мотото под кое денеска се одбележува Светскиот ден на слободата на медиумите, трети мај.
Светскиот ден на слободата на медиумите се одбележува веќе три децении. Целта е да се промовира принципот на слобода на медиумите, да се истакне важноста на заштитата на медиумските слободи и борбата против сите форми на влијание врз медиумите, како и да се потсети на медиумските работници кои ги загубија животите при вршење на својата работа.
Во пораката на ОН по повод Светскиот ден на слободата на медиумите, се истакнува дека и три децении по прогласувањето на овој ден, слободата на медиумите, безбедноста на новинарите и слободата на изразување се повеќе се на удар, што влијае на остварувањето на другите човекови права. Меѓународната заедница се соочува со повеќе кризи, конфликти и насилство, постојани социо-економски нееднаквости кои ја поттикнуваат миграцијата, еколошки кризи и предизвици за здравјето и благосостојбата на луѓето ширум светот, а лажните вести и дезинформациите на интернет и офлајн се шират со сериозно влијание врз институциите кои ја поткрепуваат демократијата, владеењето на правото и човековите права.
Правото на слободно изразување, вградено во член 19 од Универзалната декларација за човекови права, е предуслов и двигател за уживање на сите други човекови права.
„Но, поларизираниот политички и општествен дискурс, ерозијата на довербата, воведувањето на вонредни состојби и исклучувањето на интернетот, сузбивањето на критичките гласови и независните медиуми, колапсот на традиционалните медиумски модел, говорот на омраза и штетните онлајн содржини кои ги занемаруваат меѓународните стандарди, претставуваат нови закани за слободата на изразување и основната улога на човековите права. Токму за да се се спречат овие критични ситуации и закани, во центарот на вниманието треба да бидат слободата на медиумите, безбедноста на новинарите и слободниот пристап до информации“, порачуваат од Светската организација.
Оттука, одбележувањето на 30-годишнината од Светскиот ден на слободата на медиумите е повик за акција против секое потиснување на слободата на медиумите, за промоција и поддршка на независни, плуралистички и разновидни медиуми, како неопходен клуч за уживање на сите други човекови права.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 1 недела
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение