Култура
Светски ден на театарот-Сакајте го театарот, сакајте го животот!

Секоја година, 27-ми март се слави како „Светскиот ден на театарот“, посебен ден кој им оддава почит и признание на уметниците на глобално ниво. Овој ден служи како потсетник за важноста на театарот и како тој може да го едуцира општеството за грижи и проблеми во различни области.
Меѓународниот театарски институт (МТИ) го востанови Светскиот ден на театарот во 1961 година и оттогаш се слави на 27ми март. Овој ден е обележан со различни национални и меѓународни театарски настани.
Првата порака за Светскиот ден на театарот ја напиша Жан Кокто во 1962 година. Светската порака годинава ја напиша грчкиот режисер Теодорос Терзопулос, а македонската порака е на актерот Емил Рубен.
Терзопулос е театарски режисер, едукaтор, автор, од Грција, основач и уметнички директор на Аттис – Театарска компанија, инспиратор на Театарската олимпијада и раководител на Меѓународниот комитет на Театарската олимпијада. Рубен е пензиониран актер од ансамблот на МНТ, филмски и телевизиски актер.
„Театарот е сон, театарот е живот. Театарот чува, чисти, лета, сонува, не’ разбудува. Сакајте го театарот, сакајте го животот!“, порача Рубен.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?