Македонија
Светски ден на учителите-Добрите наставници знаат како да го извлечат најдоброто од учениците
Денешниот датум, 5 Октомври ширум светот се одбележува како Меѓународен ден на учителите, кој за прв пат е востановен во 1993 година од страна на УНЕСКО.
Просветните работници се најодговорни и најважни членови на општеството бидејќи нивните професионални напори влијаат врз судбината на земјата. Постои поговорка: Добрите наставници знаат како да го извлечат најдоброто од учениците.
По повод 5 Октомври МОН упати честитка до сите просветни работници во Македонија, посакувајќи им добро здравје и многу успеси во тековната учебна 2024-2025 година.
„Несомнено, ја имате најважната улога во воспитно – образовниот систем. Пренесувајќи го знаењето на младите, создавате нови генерации учесници и предводници на општествените процеси. Вие ја креирате иднината на државата и потребна е поголема државна и севкупна општествена поддршка и почит кон Вас и просветителската дејност“, се наведува во соопштението од МОН.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија