Поврзи се со нас

Гостивар

Светски ден на водите – Каква вода пијат гостиварци?

Објавено

на

На датумот кој светот го одбележува како Светски ден на водите, 22-ри март, секоја година се актуелизираат прашањата врзани со квалитетот на водата која ја пиеме. Надлежните служби за испитување на водата од водоводите во поширокото гостиварско подрачје, бележат проблеми кај селските водоводи, каде околу 20% од анализираните мостри се покажале неисправни. Генералната оценка за водата од градската водоводна мрежа е дека ги задоволува стандардите за безбедност.

„Последните анализи од градскиот водовод покажуваат дека водата може да се пие и редовно се хлорира. Што се однесува до селските водовои има проблем со одржувањето, бидејќи некаде има претпријатија, некаде нема, па одржувањето е слабо, водата не се хлорира редовно и се случува да дојде до пореметување на микробиолошкиот состав или до заматување“, изјави д-р Берун Мустафа, специјалист во Центар за јавно здравје во Гостивар.

Водата е од суштинско значење за одржување на животот и достапноста на вода во количини и квалитет доволни за да се задоволат основните човечки потреби е предуслов за подобрување на здравјето и за одржлив развој.

„Без вода нема живот“ е нешто што децата го учат од мали нозе, но целта на Светскиот ден на водите, 22 март е да се сврте вниманието на јавноста за важноста од обезбедување чиста вода за пиење и чување на водните ресурси. Денот е прогласен на иницијатива на Меѓународната асоцијација на вода и УНЕСКО во 1993 година.

Фактите зборуваат дека само 1% од водата на целата земјина топка е употреблива за пиење.   2,1 милијарди луѓе немаат пристап до безбедна вода за пиење,  1 од 4 основни училишта користат небезбедни извори за вода, а повеќе од 700 деца под 5 годишна возраст секој ден умираат од дијареа поврзана со небезбедна вода и лоши санитарни услови

Оваа година, 22 март се одбележува под мотото „Кој и да сте, каде и да сте, водата е ваше човеково право“

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена