Македонија
Светски ден за борба против СИДА, годинава во земјава 46 нови случаи
На 1 декември, СЗО, заедно со заедниците и партнерите ќе го одбележат Светскиот ден за борба против СИДА-та 2023 година, под тема „Да водат заедниците”.
Заедниците кои живеат со и погодени од ХИВ, мрежите на луѓе од клучните популации и младинските лидери биле и продолжуваат да бидат суштински за напредокот во одговорот на ХИВ. Тие обезбедуваат суштински услуги за поддршка за превенција, тестирање и третман, градат доверба, генерираат иновативни решенија, го промовираат здравјето, го следат спроведувањето на политиките и програмите и бараат одговорност од давателите на услуги.
Светот може да стави крај на СИДА-та со лидерство на заедниците. Токму затоа, темата за Светскиот ден за борба против СИДА оваа година е „Дозволете заедниците да водат“, и е многу повеќе од прослава на достигнувањата на заедниците. Таа е повик за акција за овозможување и поддршка на заедниците во нивните лидерски улоги.
Во Македонија од 1987 до 30.11.2023 година се регистрирани вкупно 632 случаи на ХИВ/СИДА.
Кумулативно, од регистрираните случаи, 564 (89,2%) се од машки пол, 67 (10,6%) се од женски пол, а регистрирано е и едно трансродово лице. Високото пропорционално учество на машки лица во бројот на новорегистрирани случаи е тренд во изминатите 15 години.
Дистрибуцијата по возраст укажува дека најзафатени се сексуално активни лица на возраст од 20-39 години, кои чинат речиси три четвртини од дијагностицираните случаи (73,9%, n=467).
Кумулативно, најголем број од случаите се со место на живеење во Скопје (n=287), Тетово (n=38), Штип (n=3), Прилеп (n=30) и Куманово (n=29).
Во периодот од 1987 до 30.11.2023 година, вкупно 126 од дијагностицираните лица во Република Северна Македонија починале поради причини поврзани со СИДА, што претставува стапка на смртност од 19,9%.
Кумулативно според веројатен ризик за стекнување на ХИВ, најголем број од случаите (вкупно – 381 или 60,3%) се кај МСМ популацијата, а хетеросексуалниот начин на пренос е регистриран кај 210 случаи (33,2%).
Состојба со ХИВ во земјава во 2023 година (заклучно со 30.11.2023)
Во 2023 година се регистрирани 46 нови случаи на ХИВ/СИДА, што претставува инциденца од 2,5 на 100.000 жители. За споредба, во 2022 година (за истиот период), регистрирани беа 36 нови случаи на ХИВ/СИДА.
Во 2023 година, од регистрираните случаи, од машки пол се 42, а 4 од женски пол.
Во однос на возрасната дистрибуција на случаите регистрирани во 2023 година, возраста на новорегистрираните случаи се движи од 20-59 години, а најголема застапеност е кај возрасната група од 20-29 години (n=18) и 30-39 години (n=17).
Најголем број од случаите се со место на живеење во Скопје (n=12).
Според начинот на веројатен ризик за стекнување на ХИВ, најголем број од случаите (n=26) се кај МСМ популацијата, а хетеросексуалниот начин на пренос е регистриран кај 20 случаи.
Во текот на 2023 година, регистрирани се 2 починати лица поради причини поврзани со СИДА.
извор:ИЈЗ
-
Гостиварпред 3 месеци
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ
-
Гостиварпред 4 недели
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Гостиварпред 3 месеци
MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..
-
Гостиварпред 2 месеци
Жител на Добридол измамен за 2700 денари на пазар во Тетово
-
Гостиварпред 3 месеци
Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | ИНТЕРВЈУ со д-р Стојо Бошкоски