Гостивар
СВР Tетово апелира: Без пукање и огномети на свадбите

Секторот за внатрешни работи информира дека во претстојниот период се очекува организирање на голем број семејни веселби и свадби на подрачјето кое го покрива. Со оглед на досегашното искуство, СВР Тетово апелира до граѓаните да се воздржат од употреба на огнено оружје и неовластено организирање огномети, кои станаа чест дел од свадбените прослави.
Полицијата потсетува дека пукањето е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир. Паричната глоба за ваков вид прекршок, согласно член 31, се движи од 100 до 250 евра во денарска противвредност. Освен тоа, зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност“ за кое е предвидена затворска казна од една до пет години (член 288 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија).
За спречување на овие нарушувања на јавниот ред и мир, СВР Тетово ги засили контролните активности. Минатата недела беа одржани повеќе состаноци со советодавните групи на граѓани и на месните и урбаните заедници. Во текот на оваа недела се планирани состаноци и со угостителите на ова подрачје, со цел тие да се запознаат со законските импликации. Целта на овие активности е да се превенираат можни несакани безбедносни настани и последици.
СВР Тетово апелира до сите граѓани да се придржуваат кон законските регулативи и да придонесат за одржување на јавниот ред и мир.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 1 недела
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог