Гостивар
СВР Тетово: Да не се шират невистини и измислици, нема ниту еден случај на киднапирање на дете

Секторот за внатрешни работи Тетово ги информира граѓаните дека на тетовско-гостиварското подрачје досега не е пријавен ниту еден, единствен случај на киднапирање на деца, ниту други такви и слични настани. Ова е одговорот од СВР Тетово, по одредени информации кои се проширија на социјалните мрежи, вчера и денес, за црно возило „БМВ“ со скопски регистерски таблици, управувано од постар маж, со намера да киднапира дете од тетовско основно училиште.
„Полицијата ги отфрла како целосно измислени и неточни ваквите информации кои се груби шпекулации и невистини. Со цел да не се шири непотребна вознемиреност, страв и несигурност, Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш најофицијално потврдува дека таков случај воопшто не е регистриран на подрачјето кое ингерентно го покрива.“, стои во соопштението од СВР.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?