Гостивар
СВР Тетово предупредува на зачестени измами и крадење податоци преку интернет

Во последно време значително е зголемен бројот на граѓани кои во СВР Тетово пријавуваат поплака или пак злоупотреба на лични податоци преку интернет, алармира полицијата и упатува апел до граѓаните на внимателност.
„Најчесто преку социјалните мрежи како што се Фејсбук и Инстаграм им стигнува линк каде од профили на пријатели, се бара да кликнат на линк и да гласат за нив за разни измислени причини или пак понуди за придобивки преку криптовалути и биткоини, на ист начин како пораките за поштенските услуги. На таков начин им се крадат податоците и брзо се менува лозинката на профилот и на сопственикот му се оневозможува пристапот во својот профил, често им се бараат лични податоци и банкарските трансакциски податоци и сл. СВР Тетово апелира до граѓаните да не подлегнуваат под вакви грешки, без претходно лично да го потврди пријателот тоа што го бара од нив, во спротивно веднаш да ги пријавуваат ваквите профили како спам, за да се избегнат поголеми финансиски или психолошки штети, затоа што на тој начин штетата се врши како мрежа и преку вашиот профил може да бидат оштетени вашите пријатели или најблиски роднини.“, стои во соопштението од СВР.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог