Поврзи се со нас

Гостивар

СВР Тетово: Започна грејната сезона, бидете внимателни, заштитете се од пожари

Објавено

на

Со започнувањето на новата грејна сезона од денес (15 октомври), се зголемуваат потенцијалните опасности од избувнување на пожари, најмногу предизвикани од човечко невнимание, користење неисправни печки на дрва или на електрична енергија, на стари и дотраени електрични инсталации, греалки и други видови грејни тела, како и поради неисчистени оџаци во куќи или станбени згради.

Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до граѓаните за максимална внимателност:

„Да не се оставаат вклучени грејните тела кога подолго време не се присутни во домовите или работните простории, особено не греалки, клима уреди или печки на дрва. Зашто, доволна е само мала искра да пламне голем пожар со сериозни материјални и други последици. Ова, посебно се однесува на станбените згради, каде далеку потешко се локализираат пожарите, поради недостиг на потребната опрема во многу од нив и отежнатиот пристап до објектите, најчесто од градежни или други причини“, нагласува портпаролот на СВР Марјан Јосифовски.

На сопствениците на куќи и на станарите во зградите им се советува најмалку два пати годишно да ги проверат и исчистат оџаците, но и да не ги преоптоваруваат инсталациите во домовите или локалите со вклучување на повеќе електрични апарати наеднаш.

Секторот за внатрешни работи Тетово ги потсетува граѓаните дека предизвикувањето пожар, односно на општа опасност претставува кривично дело за кое е предвидена затворска казна од една до пет години (член 288 од Кривичниот законик).

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 24 минути

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 1 час

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Како гласаше Гостивар во првиот круг на седмите претседателски избори?

Гостиварпред 3 часа

Повеќечасовно минирање кај гостиварска Бањица денес

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Здравје и убавинапред 5 часа

11 намирници за подобра циркулација

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 16 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена