Вести
СЗО: Евидентирани 348 случаи на хепатитис со непознато потекло во 20 земји

Евидентирани се 348 случаи на хепатитис со непознато потекло, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Се разгледува хипотезата дека аденовирус е причината за оваа мистериозна болест, што главно ги напаѓа децата, а се поврзува и со Ковид-19, јавија странски медиуми.
Според СЗО, случаи на хепатитис со непознато потекло забележани се во 20 земји. Има уште 70 сомнителни случаи, во 13 земји, чии резултати од тестови се чекаат.
Во шест земји има над пет случаи, а само во Велика Британија пријавени се 160 пациенти.
Филипа Истербрук, од програмата на СЗО за сузбивање хепатитис, тврди дека има значаен напредок во истражувањата.
Како што појасни Истербрук, главните хипотези околу тоа што ја предизвикува болеста, го вклучуваат аденовирусот, земајќи ја во обѕир важната улога на Ковид-19, како здружени инфекции или како претходно прележани инфекции.
Аденовирусите обично се шират низ капки и преку заразени површини.
Околу 18 отсто од пациентите со овој хепатитис од непознато потекло, биле позитивни на Ковид-19, покажаа резултатите од тестовите
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 2 месеци
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 3 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар во пресрет на Новата Година