Вести
СЗО: Мајмунските сипаници во развиените земји веројатно се ширеле на две забави преку секс

Висок советник на Светската здравствена организација го опиша невиденото ширење на мајмунски сипаници во развиените земји како „случаен настан“ што може да се објасни со ризичното сексуално однесување во два неодамнешни масовни настани во Европа.
Во интервју за Светската агенција, д-р Дејвид Хејман, кој го предводеше одделот за итни случаи на СЗО, рече дека водечката теорија што го објаснува ширењето на болеста е сексуалниот пренос меѓу хомосексуалците и бисексуалците на две рејв забави што се одржале во Шпанија и Белгија.
„Знаеме дека мајмунските сипаници може да се шири кога има близок контакт со лезиите на некој што е заразен. Се чини дека сексуалниот контакт веќе го одредува тоа пренесување“, изјави Хејман.
Тој факт значително отстапува од типичниот модел на ширење на болеста во Централна и Западна Африка, каде луѓето се инфицирани главно од животни како диви глодари и примати, а епидемиите не се шират надвор од опсегот.
До денеска, СЗО има регистрирано повеќе од 90 случаи на мајмунски сипаници во неколку земји, вклучувајќи ги Велика Британија, Шпанија, Израел, Франција, Швајцарија, САД и Австралија. Веќе има 30 потврдени случаи во главниот град на Шпанија, Мадрид
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022