Поврзи се со нас

Вести

СЗО очекува „високи нивоа“ на Ковид-19 во текот на летото

Објавено

на

Светската здравствена организација (СЗО) очекува „високо ниво“ на инфекција со Ковид-19 во Европа и повика на следење на вирусот откако бројот на заразени се зголеми за трипати за еден месец.

– Откако земјите низ Европа ги укинаа рестриктивните мерки што беа во сила, вирусот ќе циркулира на високо ниво ова лето, изјави генералниот директор на СЗО за Европа Ханс Клуге.

Тој потенцираше дека вирусот нема да исчезне само затоа што државите престанаа да го следат. – Продолжува да се шири, да се менува и да убива, нагласи Клуге.

Предводен од подваријантата омикрон БА.5, коронавирусот се шири во педесетина земји кои припаѓаат на европскиот дел на СЗО, а оваа недела тие се приближија до дневната бројка од 500.000 новозаразени.

На крајот на мај таа бројка беше 150.000, според податоците на СЗО.

Во текот на зимата дневно имаше меѓу четири и пет илјади смртни случаи, додека сега бројот на смртни случаи е на ниско ниво од околу 500 дневно, колку што имаше во летото 2020 година.

Речиси сите европски земји имаат пораст на бројот на заразени, а предначат Португалија, Луксембург, Франција, Грција, Кипар, Германија и Австрија.

– Се надеваме дека важните кампањи за вакцинација што ги имаат повеќето земји, како и бројот на оздравени, ќе значат дека ќе ги избегнеме најтешките последици што ги видовме порано во пандемијата, заклучи Клуге.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 час

Мирен изборен ден во Гостивар, попладнево поголема раздвиженост на избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Во Општина Гостивар до 11 часот излезноста е 7,46%

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Во Општина Врапчиште до 9 часот гласале 422 избирачи

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Први податоци за излезноста на изборите во Гостивар

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Седми претседателски избори во Македонија-Кој ќе биде идниот претседател?

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Сите избирачки места во Гостивар отворени навреме, гласањето тече

Македонијапред 19 часа

Пазарна инспекција ќе контролира дали трговците утре ќе работат

Гостиварпред 20 часа

Кривична пријава за бесправно градење во Гостивар

Македонијапред 21 час

Училиштата сепак нема да работат во саботи, наставата ќе се надомести во работните денови

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена