Поврзи се со нас

Вести

СЗО предупредува на зголемен ризик од стрептококни инфекции кај децата

Објавено

на

    Светската здравствена организација (СЗО) и здравственото тело на ЕУ (ЕДЦД) повикаа на будност, по зголемениот број сериозни заболувања кај децата по стрептококни инфекции од групата А. Во денешната заедничка изјава двете тела посочуваат дека Франција, Ирска, Холандија, Шпанија, Шведска и Велика Британија оваа година пријавиле зголемен број случаи на инвазивна стрептококна инфекција од групата А кај деца под десетгодишна возраст.

    Пријавени се и неколку смртни случаи кај истата возрасна група поврзани со стрептококни инфекции. Во Велика Британија и Франција, бројот тешки случаи е многукратно поголем отколку за истиот период пред пандемијата, се наведува во соопштението.

    Стрептококните инфекции обично предизвикуваат само благи болести како што е шарлах, и може добро да се лекуваат со антибиотици. Но, во ретки случаи, тоа може да доведе до сериозни компликации.

    Според прелиминарните наоди, експертите на СЗО не претпоставуваат дека зголемениот број случаи е предизвикан од нова варијанта на А-стрептококи. Најверојатно тоа не е последица ниту на отпорноста на антибиотици, туку се смета дека причина за акумулацијата е своевиден постпандемиски ефект.

    Во заедничката изјава уште се посочува дека може да се очекуваат зголемен број тешки случаи, оттаму што во моментов циркулираат многу други вируси кои, во комбинација со стрептококи, даваат потешка клиничка слика. Иако експертите на СЗО сметаат дека ризикот за пошироката јавност досега е низок, тие ги советуваат европските земји да бидат претпазливи при сличен развој на настаните.

    Земјите треба „да ја зголемат својата будност, особено кога респираторните вируси се широко распространети меѓу децата,” изјави регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 4 дена

    9 мај – Ден на победата над фашизмот

    Македонијапред 4 недели

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Светпред 3 недели

    Рускиот претседател Путин објави велигденско примирје – запираат сите воени операции

    Видео емисиипред 3 недели

    ВИДЕО | Пчеларката Весна од Гостивар и нејзините вредни пчелки

    Што, како, каде?!пред 4 недели

    „Ла Шишко 3“ со повторно отворени врати за љубителите на слатки задоволства

    Гостиварпред 4 недели

    „Браќа Ѓиноски“ со Велигденски концерт на Велики Четврток

    Културапред 4 недели

    Изложба на фотографии со културното наследство на Гостивар – Да се знае, почитува и чува!

    Културапред 4 недели

    Да се претстават обичаите, да се задржи традицијата! Велигденски концерт со ора и песни во Гостивар

    Гостиварпред 4 недели

    Гостиварски театар ги подготвува претставите „Манијак“ и „Цилиндар“

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена