Занимливости
Тајга, дом на сибирскиот тигар и необичниот народ Ненет

Тајга или Евроазиска бореалната шума е една од најраспространетите типови на шуми и зафаќа 29% од вкупната земјина шумска покривка. Се простира на околу 10 илјади километри од западна Скандинавија, долж цела северна Европа, се` до крајниот исток на Русија, односно до брегот на Тихиот Океан..
Со оглед на тоа што опфаќа големи површини на различни континенти, разбирливо е во различни делови да има различна вегетација. Во европскиот дел најзастапени се норвешката смрека и шкотскиот бор. Движејќи се подлабоко кон Сибир, доминираат сибирските видови на ела и бор. Зимзелените дрвја владеат со бореалната шума, но сепак се среќаваат и листопадни, како на пример брезата.
Климатските услови, пред се` температурата која може да се спушти и до -60 степени придонеле во тие предели да опстанат само најиздржливите животни. Од цицачите заштитен знак на тајгата се самурот (сибирска куна) и евроазиска мечка. Се среќаваат и дивокози, диви свињи, елени, а од птиците тетребот. Едно од најинтересните животни кое живее во тие предели е лакомец (Wolverine), кој има силни раце и нозе, широки стапала и може брзо да трча по снег. Многу е издржлив, и може одеднаш, без пауза да претрча 10 до 15 км, а дневно претрчува и по 50 километри.
Тајгата е дом на сибирскиот тигар, најголемата мачка на светот. Овој предатор може да достигне до 400 килограми тежина и се смета за еден од најдобрите ловци на светот. Канџите му се долги 10 см, а видот му е дури петпати подобар од човековиот. Сибирскиот тигар важи за ѕвер со огромна физичка моќ. Независно од своите крупни размери може да трча со брзина од 50 до 70 километри на час.
Во северните делови на бореалната шума во Сибир, живеат 10 илјади припадници на народот Ненет. Животот на овие луѓе во целост зависи од ирвасите. Тие им служат како храна, превозно средство и материјал за правење облека и орудија. Живеат во целосен склад со природата и се борат да го задржат својот традиционален начин на живот и покрај се почестите посети од „цивилизираниот“ свет кој се интересира за нивното секојдневие и се обидува да внесе делови од модерното доба.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?