Спорт
Тајсон Фјури со нокаут ја одбрани титулата светски првак

Британецот Тајсон Фјури познат како „Кралот на Циганите“ на славниот Вембли во Лондон, пред 94.000 гледачи, ја одбрани титулата светски првак во бокс во тешка категорија во верзијата WBC, откако го нокаутираше сонародникот Дилијан Вајт во шестата рунда.
Во текот на целата борба во саботата вечер двајцата боксери разменија малку удари, но кон средината на шестата рунда Вајт налета на аперкат на Фјури и се најде на подот без можност да ја продолжи битката.
За 33-годишниот Фјури ова беше 32. победа во кариерата, со еден нерешен исход, додека 31-годишниот Вајт го претрпе третиот пораз во својата 31. борба.
После борбата настанот го одбележа уште еден емотивен момент, кога едно дете без раце и нозе, на протези дојде до шампионот во рингот и се прегрнаа.
Подоцна Фјури објасни дека тоа е Маршал Џенсон, а се запознале минатата недела. Боксерот му кажал на Маршал дека од него бара лично тој да му го донесе појасот во рингот веднаш после борбата.
“Тој ќе ми го донесе појасот во рингот, ќе собереме пари за неговите раце“ кажал Фјури тогаш.
Инаку Маршал на своја возраст од една година боледувал од ретка болест, па морале да му ги ампутираат и рацете и нозете со цел да му го спасат животот. Сега има вештачки нозе, а со помош на Фјури ќе има и вештачки раце. Величенствен гест на големиот шампион.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022