Гостиарски
Така се зборува во Гостивар (10)

Во десеттиот по ред извадок од книгата „Така се зборува во Гостивар“ од Боге Димитриески, издвојуваме раскажување за големиот стопански гигант, фабриката Силика по која градот бил познат не само во земјава и регионот, туку и во цела Европа.
„Силика“
„Силика“ во тоа време била еден од најголемите гигáнти во Македонија, која гледала стотина, стотина фамилии живееле од неа. „Силика“ кој ќе земеше плата цел град беше насмеан, сите продавници и кафáни беа насмеани. Кога идеше десети во месецот, продавниците крцкаа, кафаните немаше што да не побараш и в продавница да немат. Викаа: „Силика утре плата земат.“ И тоа, знаеш, од работа, после работа с` одеше в кафанче. Другари се собиравме и така…Знǎеш, ова е провинциско место и ќе се наеш. Големи лични примања имаше „Силика“. После „Електро Маврово“, „Силика“ имаше најголеми лични примања. Па ја, богами, имам достигнато во „Силика“ личен доходо негде илјада марки. И кога ч` одев нá-свадба, колега ќе ни се женит, колешка, кǎј нас не беше ништо да даевме стó-марки. Свите. А сега, да одам нá-свадба, ќе се мислам стó-марки да дāм. Имам зашто сто пēс марки пензија или двеста.
„Силика“ најдобро работеше седумдесетите години. Со најголем мед, со најголеми примања беа тогај. До негде осумдесет и шеста година. Од осумдесет и шеста година „Силика“ стагнира. Тогај беше Ацо генерален директор.
Јас во работниот мој живот имам само две работни места сменето. Во службата за план и анализи и комерцијáла-реферéнт. Кога го смени референтското место, отидов за нецели сегашни 10 денара, поголеми имав месечно 10 денара. И сите ми викаа од служба и анализа: „Бе, нема вакво нешто, оваа убавина да ја бараш.“ „Слушај“, реков , „ја сум човек за покрет. Ја не сум човек што треба да седам. Ја сум човек кој треба во покрет да сум.„ И моето работно место беше во канцеларија до погонот. Ја во текот на денот пешачев и по дваесет километри со точак. Моето работно место беше реализација на производи кои беше робата доломитни производи, кварлива роба, осетлива на влага, не сакаше голема влажност, со вода да с` испрскат, под дожд – све тоа. И таа роба одеше све транзит. Камионски. Ретко се товараше со вагони. Нешто да не е многу хитно, па ќе ја товаравме со вагони. А инаку, све транзит одеше со камионски превоз. Одеше за извоз. Имавме за Италија, за Бигарија, за Чешка, Словенија. Најголемото производтсво ни го трошеше Железарата Зеница, Железáра Скопје, Железáра Смедерево, Железарата Јесеница. Тие беа најголемите потрошáчи на Силика.
Како дојде пропаѓањето на Југославија, и „Силика“ пропадна. Се изгубија пазарите, се изгуби све. Словенците си се преориентираа со Аустрија. Замисли колку им беше тешко. Аустрија, а беа принудени Словенците д` идат кǎј нас за големи цени. Јас работев тогај реферéнт и тогај се вршеше транспортот и Словенците ни праќаа свои камиóни. Нашиве не ги прихваќаат. Од тогај ја знǎм дека све Словенците се рачунаа на еден степен како подобри, повисоки, поинтелигéнтни.
(Манојло Канчески, 1937)
Отворени огласи за вработување:

Триесетина казни во Гостивар и Тетово за возачи кои не пропуштале пешаци

Патријархот Порфириј упати Томос за афтокефалност на МПЦ-ОА во Вселенската патријаршија

Чистка во Интер, заминуваат 13 играчи

Заедничка литургија на МПЦ-ОА и СПЦ во соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Ден на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј

Шест месеци научници напојувале компјутер со помош на алги

Куче скитник нападнало гостиварец

ЗНМ, СЕММ, ССНM: Владата со народни пари фаворизира одредени медиуми

СЗО: Мајмунските сипаници во развиените земји веројатно се ширеле на две забави преку секс

Нападнат малолетник во гостиварско Чегране

Комисијата за заразни болести во среда ќе расправа за состојбата со мајмунските сипаници

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Заврши сезоната за КК Гостивар, годинава на 5-тата позиција

Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар

Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер

Завршил во ПС Гостивар поради закани кон сестрите и внуката

Почина Петар Илоски, еден од втемелувачите на гостиварската кошарка

Техничкото училиште во Гостивар се презентира пред полуматурантите

Ботанички градини во две училишта во Гостивар, децата со љубов одгледуваат билки и зеленчук

Лукаревска во посета на гостиварската фирма Прогрес 1998

Бизнис саем во Гостивар, учествуваат 20-тина компании

74 граѓани на прелиминарната листа за социјален стан во Гостивар

Почна градба на нов објект на градинка во Гостивар

Свеченост за матурантите во економското училиште во Гостивар: Ни го покажавте патот, предизвикот е наш!

КК Гостивар казнет со 165.000 денари, два натпревари без публика и суспензија на стручниот штаб

Емотивна средба во гимназијата во Гостивар-Прослава на 55 години матура

МЗТ Скопје без проблеми во празната Младост против Гостивар 72-85

Пелистер славеше во празна сала со само „пет на пет“ против КК Гостивар

Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер

КК Гостивар го „стопи“ и Еуроникел 78-70

Концерт на гимназијата во Гостивар за успех на матурантите и добредојде на полуматурантите

Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!

Успешен концерт во Гостивар на друштвото „Браќа Ѓиноски“ во чест на Велигден

2МФЛ: ФК Гостивар го шокираше Вардар совладувајќи го 2-1

Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење

Гостиварското основно музичко училиште прослави патронат

Состојба на скривниците во Гостивар – Ќе завршат ли работа во случај на „Не дај Боже“?

Гостивар порача: Не сте сами!-Поддршка за жените во борбата против рак

Храбриот Гостивар немаше доволно сили за целосен шок – Победа на МЗТ 87-85 (фото)
ДНЕВЕН БРИФИНГ НА ВЕСТИ
Внесете ја вашата електронска пошта и добивајте ги најважните дневни вести на Gostivarpress.mk секој ден во 20 часот.
Ви благодариме!
Вашата електронска пошта е додадена.
Популарно изминативе 100 дена
- Македонијапред 1 месец
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Гостиварпред 3 месеци
Патарини: Над 1.000 евра една година Гостивар – Скопје одење и враќање
- Гостиварпред 3 месеци
Во Здуње уапсен 29 годишник кој си ја нападнал девојката
- Гостиварпред 3 месеци
Во Гостивар ќе се постави спомен плоча на загинатите во несреќата од 13 февруари
- Гостиварпред 3 месеци
Ќе се обновува фасадата на ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар
- Македонијапред 2 месеци
Православните христијани одбележуваат празник Тодорова сабота
- Македонијапред 2 месеци
Од полноќ ново поскапување на горивата
- Гостиварпред 2 месеци
Состојба на скривниците во Гостивар – Ќе завршат ли работа во случај на „Не дај Боже“?