Поврзи се со нас

Гостиарски

Така се зборува во Гостивар (14)

Објавено

на

     

    Поширокиот гостиварски крај бил познат по печалбарството. Какви се раскажувањата околу работењето во странски земји, каде заминувале гостиварци, галичани на гурбет, прочитајте во денешниот извадок од „Така се зборува во Гостивар“ – автор, Боге Димитриески.

     

     

    Да ви кажам галичаните биле најголемите пачалбари. Не зашто сум галичанец. И овие се печалбари во Румунија. Дури и Египет оделе галичаните. Дури во Египет. Сèстра-ми моја беше сега на една турнèја во Египет и патувала со оваа, како `и викаат компанииве, туристички агенции, одела, за илјада и нè-знам марки, нè-знāм, на четири-мèсеци плаќање. И коа стигнале во Александрија, еден галичанец е рекол: еве го дуќанот од стрико-ти Вељо што работаше овде. Со доваѓањето на Насера, социјализмот, комунизмот, сè тоа скина Насер и све што беа трговци, све што беа занатчии, тие, гурбетчии, печалбари во Египет, сите префрлија во Канáда. Во Канáда отидоа. Насер ги скина.

    На други места оделе во Грција, во Америка имат галичани што оделе, али највеќе Египет и Грчка. Најголемите печалбари што биле галичаните Египет и Грчка. Меѓутóа, за Петровден, пред Петровден иделе дома, свадбите, за Петровден биле дома. Сē, на дванаести јули, галичката свадба останата е ден-денес таа традиција. Па ги задирав ја, Маре викам, дај да поднесам една молба, викам, и-таке сум галичанец, за галичка свадба да а прајме, викам, в Галичник. И еден спомен е, викам, една умирачка е, не се две умирачки, еднаш човек се жени, еднаш се умират.

    (Манојло Канчевски, 1937)

     

    Тáтко-ми на гурбет во Румуниа. Стриковците и така од далеку и с` онадив ја, одев забавиште, после забавиште прво, второт, теќо незавршено. Одиме многу во Бањица пошто стрико-ми го викаа многу вежба и тáтко-ми мораше да доет, да го заменит во дуќанот. Имавме бакалница и кафеана. Отамо трис осма година, трие седма ли, триес осма, не-сè-сеќам, тáтко-ми замина пак на гурбет во Србија,

    Во Белград не-мóеше дуќан да најдет, се вратил во Краљево и Краљево со стрико-ми Костета фатиле дуќан. Тáтко-ми имаше слаткарница, „Охридски бисер“ фирмата, а стрико-ми имаше, ова, на „Краља Петра“ беше улица, овај, кујна народна , „Војводе Степе“. Мéѓутоа, четрс прва година, и мāќеа-ми тамо беше . Таке отидовме сó-неа мие триес осма година во Краљево.

    (Темелко Софрониески, 1930)

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 7 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена