Поврзи се со нас

Гостиарски

Така се зборува во Гостивар (17)

Објавено

на

     

    Неделава од книгата „Така се зборува во Гостивар“ издвојуваме раскажување на гостиварски дијалект за свадбените обичаи во минатото. Прочитајте што авторот на делото Боге Димитриески забележал на таа тема од својот соговорник. Дознајте кој бил поглавен од невестата на свадбата.

     

    Свадбени обичаи

     

    Свадбата почнуала од петок, некој од понедǎлник иделе гости, подалечните. И само ќе се јадело и се пиело цела недела и продолжуале и после. Зависит кој гости ќе имат кането, домаќинот во каква ситуација е…Можност финансиска. Е па, најглавен збор на свадбата имал кумот и старосватот. Нив се канеле тие, со големи честови.  Ко ќе заводел кумот орото, не смеел да претнет никој. Кумот играл! Нестата играт после тоа. Ко ќе речел пред сватовите „не смеете преку ред“ – не смееле да зуцнат младите. Или да се спротиват, д` имат кавга на свадба.

    Меѓутоа, нé-биле овие музики тогај. Тогај се земаше, музика се земаше, зурли и тǎпани. Может, некоа армуника ќе се најдеше, таа посебно ќе свирит. И сите кога земавме тǎпани, баравме, тǎпанот да е што поголем. Што поголем тǎпанот, што подалеку се слушат. Што помал тǎпанот, што поблиску се слушат.

    По невестата ќе појдевме во десет сāтот. Во неделата. Ќе ја земевме невестата. Коа ќ` одевме по невестата, деверот мора да е спремен, пари. Како сега памтам, еден старосват наш…Сват, не старосват, сват знǎм, беше девер на свадбата од брат. Миеодиме да е зеаме невестата, му бараат пари. Злато му бараат! „Абе, рече, тáтко-ми вчера купи една коза, свите пиеме млеко óд-нē, рече па тол`ку не-јá-плати скǎпо, рече. Вие, рече, ка крава да ми наплаќате“. А, па тој стариот, им викат: „И плуг ќе `е туриме да орат. Плуг ќе `е туриме да орат невестата чим толку пари“…Човек сте чуле, рече, нá-пазар да се продават?“ – „Ееее, обичаите се такви“, му вика старата, им викат. Обичаите, – „Е,, па, рече, ти, рече еден месец што седат со невестава, рече, што е чуваат, што ја дотеруваат, што и помагаат…Помагањето е све што го имат невестата спремно чеизот, тие е го перат, е го пеглаат…И сеа, сакаат еден некој дел, да речеме, да добијат, некој динар, не ќе им платит таја? Ќе им платит деверот.

     

    (Манојло Канчевски, 1937)

     

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 1 час

    Од утре (четврток) времен режим на ул.„Беличица“, почнуваат работите за реконструкција

    Гостиварпред 4 часа

    Во Гостивар лишено од слобода лице поради кражба на автомобил

    Здравје и убавинапред 7 часа

    Добра конзервирана храна што вреди да ја имате при рака

    Гостиварпред 9 часа

    Метео аларм за дожд, ветер и грмежи

    Македонијапред 22 часа

    Законски регулирана дополнителната и сезонската работа

    Културапред 23 часа

    „Од Вардар за Вардар“ – Јубилеен концерт на хорот „Вардар“ во Гостивар

    Гостиварпред 1 ден

    Општина Гостивар за протестот на земјоделците: Некои од критиките се неосновани и претерани, ќе се заложиме за соодветно решение

    Гостиварпред 1 ден

    Протест на земјоделци од полошко: Ќе ги блокираме Гостивар и општината ако не се отвори каналот за наводнување

    Македонијапред 1 ден

    Минималните трошоци во мај зголемени за околу 20 евра

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена