Гостиарски
Така се зборува во Гостивар (19)
Кој бил законот донесен во бивша Југославија со кој им се простиле долговите на граѓаните во цела земја? Како се живеело за време на Тито? Прочитајте во раскажувањето на Нофит Синадиноски во книгата „Така се зборува во Гостивар“ од авторот Боге Димитриески.
За нас и светот
А тога беше една криза Америка, од триес миљона незапослени имаше. Се чекаше револуција дваес седма, дваес осма година во Америка комунизам да дојде, ама дојде на влас Рузвелт и Рузвелт ја спаси револуцијата: отвори мензи во свите градои да се ранат тиа триес миљона. И за цигаре-паре што им даваше по некој динар. Така, а кáј-нас, пак, обратно: кáј-нас се чекаше револуција затō што немаше динар, не-пáѓаше никако.
Ја сум работел шеснаесет сāти за десет динара. Со игла. Ете, терзилокот. И толку било криза, немало пари. Ама, за стреќа дојде на влас и падна владата за време бивша Југославија, дојде некој Стојадиновиќ. Тамо, на влас во Белград и тој што напраи? Задружниците све што имаа со меници, на пример, тука настрадаа највише приватниците шо даваа со камáта пари. Донесе закон: мениците нé-важат, дугојте да-се-не-плáќаат, зашо немат од ке д` `и платат. Све дужни земјоделците, сељаците. Се задужиа, нé-можеа да вратат. Криза голема. И, таке ги спаси од она опасна криза што беше. Имало секакво. Ти викам, ние не-сме-осéќале затō што све со работа. Со сточáрство, ќе си продаел, не-си-óсетил. Значи, не-с`-óсеќала онā криза. Али од труд, голем и тоа. Така, времињата минувале тешко и нé-било никојпǎт лесно.
На политиката од Тито благодарение Југославија живе пеесет години као ниедна држава во светот. Ниедна! Ако Фрација е викаме богата. ДА ти кажам Франција: од Франција нема ништо. Да ме слушаш мене, Фрација – све тоа сǎт Французи – Алжирци, Мароканци, Тунижани. Нема Француз белец да видиш. Еден, као што гледаш на Олимпијада да отидел, да земеш пример. И Америка. Америка `и земале за робје тамо. Да им служат. Ама се намножија сеа, имат пеес четири миљона Црнци. Сеа ќе му бураат држава утре нејзи посебно. А тоа неминóвно е. Дека ќе доет до тоа.
Затō ти вика, и приватни и државни се изнǎживеле као никој. За време Тито. Па кој сака нека збори и нека каже. И влас и кој сака. Е, тоа никој не го доживуа више, ова што беше. Нека му е слава на Тито, да ти кажам искрено, ете, не е Македонец, Хрват је, али, свака час, што да е – зá-мене нé-игра улога, бил чоек, нè извлекол од некои тешкотии големи, се изнаживевме за ова време, се изнашетавме.
(Нофит Синадиноски, 1912)
-
Гостиварпред 19 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград