Поврзи се со нас

Фељтон

Така се зборува во Гостивар (20)

Објавено

на

 

Во книгата „Така се зборува во Гостивар“ има делови каде раскажувачите зборуваат за своите семејства, односите во домот меѓу најблиските, непишани правила коишто се почитувале и слично. Следниот извадок зборува токму на таа интересна тема. Книгата е дело на гостиварецот Боге Димитриески.

 

Односите во семејството

 

Дали имало разлика меѓу машките и женските деца? Пǎ, да ти кажам: се разликуваше. Имā голем попуст, ја чично за кǎј нас зборам. Во смисла на секō една-работа. Во свет што требеше да-се-рáботат, женските биле заштедени, просто, кǎј-нас. Еве, ќе ти кажам: требело да се чистит. Да се праит. Најфизичката работа – ја. Сум ја носел водата. Тие ќе помагаат на мáјка-ми, ќе се петл`аат, ќе рибāт, ќе ова, ќе она…Меѓутим, физичката работа, носењето вода, се знǎело: Мане ќе бидет. Многу биле заштедувани, и да ви кажам друго едно нешто, мáјка-ми како шнајдерка, свите на нас ни шиеше. Меѓутóа на женските некако, посебно обрнуаше внимание. Една сукња ќе ја носит година дена, ќе ја препраит друг модел. Пак ова, па тō…Ја знǎм сестра имав помала една имаше пришиена сукња напраено па некако со расцеп, коа ќ` удрит вака, као вака ко д` имаше напраено…„Види, мори, на Јорда што-е-нáпрā! А мене?“ А мене стално ми шиеше панталони кратки, меѓутóа, под-кóлена! Д` овде. Свите другарите д`овде, ја д` овде!И, викам: „Види, бе, мајко! Сега дојдоа до овде панталони да се носат. Ти д`овде не-м`-óставаше, д`овде, сеа под-кóлена носат панталони.“

Е, сега во однос на слободата да ти кажам…Женското е малу, построго го држат. Тоа е еден дел малку на турцизмот. Сме овдека мие позаостанати. Ја знǎм по сестрите мои. Не сум ги оставал да претнат!. Па тáтко-ми ќе викат: „Немој, бе, синко, види, веков с`отворат – отвóри се и-ти“. – „Е, ја знǎм шо-сé-праит по градов“, му викам ваке и ваке. Е, добро. Меѓутóа, женските се малу за тоа построго се држат. На пример јас како дете знǎм: точакот – Зубовце на свадба. Е мојата сестра не можела тоа да го речет: „Ќ` одам Зубовце нá-свадба“ Сестрата моја свегде кǎј што шетале, и општо девојчињата тоá-време, со родителите шетале. Све со родители. Сами, само на корзо сāт-два и дома! Ја знǎм, тáтко-ми ќе ни викат: „деца, мракот – дома да сте! Да ве видам овде ја.“

Меѓутóа сум имал таков родител што нé-знǎел да се нашалит со деца. Строг. Ко ќе доел тáтко-ми дома: „Добровечер“, стануваме! Стануваме и – дошол тáтко-ми! А сега, да ти кажам еден доживл`ај мој, сега. Гледам ја дома: еден спиет, треќи се чешл`ат, четврти крпит, ова, тоа: ал`сум влегол ја од работа али не, никого не интересират. И зашто сеа, што им правам јас?

 

(Манојло Канчески, 1937)

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена