Поврзи се со нас

Фељтон

Така се зборува во Гостивар (21)

Објавено

на

 

Во новиот неделен извадок од книгата прочитајте го сведоштвото на Живко Алексоски, вруточанец кој бил учесник во народноослободителното движење за време на Втората светска војна. Тој на гостиварски дијалект објаснува како по игра на случајноста се спасил од сигурна смрт, дента кога се застрелани шестмина активисти на НОБ, непосредно пред конечното ослободување на градот. „Така се зборува во Гостивар“ е дело на Боге Димитриески.

               

 

За време војната беше рескирáнт на живот и смрт. Ја нé-бев во партизáнски одреди, него бев цело време во позадина. Секретáр на тогашната, таке се викаа, ќелии. Партиски ќелии. После заради други останав, опет во ќéлијата работев. Бев преседник на Народноослободилачки одбор.

Иначе, таа работа е била многу тешка. Мие имавме Гостивар, каде што влагаше пáртиската организација на Вруток, зашо тога немаше многу. Имаше Гостивар, Вруток, Леунō, Маврō, Ниќиворō, Белиица. Покасно, четрс друга имаше Чајле, четрс треќа Зубовце, Печково…Горно Јеловце, не Печково. Горно Јеловце. Нé-знǎм, може имаше и некој други, нé-можам да се сетам моментáлно. И овјаа врски морат да се одржаваат. Гостивар и Вруток, нашата во Вруток, бевме една врска, преносна врска, како-дá-речам: Тетово-Гостивар-Вруток-Маврово. Тамо беше тога многу развиен покретот.

Каквǎј задачи сме извршуале еден пример ќе ти кажам. Добив задáтак да пренесам знамето на Југославија од Вруток до Маврово. Натамо кога одев, шо ќе прāм? Зедов коњот, турив две вреќи пченка и во едната вреќа пќенката турив знамето. И оам нагоре. А тога баш имаше паднат еден авиóн, кǎде што е она зимското летовалиште на децата, е, Бунец, тука беше паднат. А патот тука врвеше. Е сега, а мора да извршиш задáтак, нема тука да не извршиш задáтак. И го носам, некако заминав убō, не ме никој ни допре ни ово ни оно и право кǎј што требаше да го предāм на човекот, на другарот. Таке тō било едно прлично тешко стање. И кога го пребацив одредот…беше тога моментáлно четрдéсет и треќа година, да го пребацам Вруток, од Вруток до Вǎлковија. Вǎлковија имаше тамо Организација на народноослободилачки одбор. И не баш лесно беше да го пренесеш одредот. И да го предадам тамо, Вǎлковија, душичката моа знǎет какó-беше. Месец сум бил затваран. Затвор бев четрс четврта година, како комуниста, како нé викаа нас. И све до ослободувањето-ослободувањето на Гостиар беше на осумнаести, на седумнаести сум пуштен од затвор. Некол`ку дена пред девети септември паднав в затвор, па све до седамнаести ноември. Тоа беше затвор, тепање в затвор – се знǎет тоа. Затвор како затвор, тепање како тепање. Тога бē господáри Џемо, Аќиф, Л`око од Лакавица – тиа беа. Суд, пресудуање немаше.

Пред само ослободување, негде недел`а отприлика, е тога стапи, што се викат голем, да не се изразам полошо. Затворија една група учесници на НОБ, членови на одбори, младинци…Еден го фатија со материјáл од Бањица кој требаше да го пренесет за Вруток, меѓутим у Равен го фатиа. Тој провали и бајги души паднаа в затвор. Ја бев уште прéд-тоа в затвор, као што ти кажав, со еден друг од Вруток, али мие бевме во ќелија се викаше тоа, само за двајца, а тие беа во приемна соба. Недел`а дена пред ослобоѓањето отприлике дојдоа и ги зедоа ноќта овјаа оваа собава, збирна соба што се викаше. Ги собраа сите. И ги стрел`аа. Ене плочана што е црквана, в црква. Ја и Краља останавме живи затō шо не бевме во тā-соба.

 

(Живко Алексоски, 1915)

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена