Поврзи се со нас

Фељтон

Така се зборува во Гостивар (23)

Објавено

на

 

Преку раскажувањето на Томислав Стојаноски за неговиот живот, прочитајте за искуството да се биде во војска две години како и за потеклото на името на кафеаната „Тик-так“. Раскажувањето на гостиварски дијалект е бележано во книгата „Така се зборува во Гостивар“ од Боге Димитриески.

 

Од животот на раскажувачите

 

Јас по завршувањето на осмолéтка, тогашна гимназија се викаше, и полагавме мала матура, педесет и четврта година, ко ученик во стопáнство, а праксата ја правевме во претпријатија кој имаа соодветни, да речеме, занаети. И ние праксата…Јас како машинобравар (во тоа време бев запишан во тоа училиште во стопáнство) праксата во хидроградежно претпријатие „Власина“ кое беше во изградбата на хидроелектричните централи „Маврово“. И така, завршив три години, овај, тоа, учењето стопáнство. Работев една година во „Власина“ претпријáтието, кǎде што бев и на терен во Косово. И на Бажданско Езеро брана се градеше, а хидроградежно претпријатие „Маврово“ и „Власина“ беа, мислам, специјалиизрани за хидроградби. Така, за електроцентрали, а „Власина“ беше оформена во времето кога во Србија хидроцентрали се градеа, ова, на Власина четири централи. Е, бидејќи поискусни во градба, и тие, нормално, исто и овде беа дојдени. Имаа дел од градбата на електричните централи „Маврово“, системот „Маврово“. Работев на терен во Подуево (тоа е на Бажданско Езеро). Отука заминав во војска.

Иначе, војска е служев – три месеци бев на обука во Илирска Бистрица (тоа е Словенија) а останатите (иначе, две години, дваес четири месеци служев војска) овај, служев во Л`убл`ана пошто јас бев ко занаетчија (илјада деветсто пеесет и девета заминав војска), значи, војска бев пеес девета, шееста, шеес прва во јуни месец се вратив. Две години се служеше, пошто морнарица се служеше три години. Тенкисти исто три години.

По довáѓањето од војска, овај, дојдов тука и се вработив во „Електро Маврово“. И до пенсија тамо останатото работев. А иначе, ова што работиме ние, мислам, угостителската работа, наследно од нашиот родител, повторно значи, илјада деветсто четириес осма година пошто приватниот сектор се укина и повторно ние шеес девета година отворивме, изградивме овде мислам кафеаната, повторно под исто име, зашто тоа име тáтко-ми во Букурешт го имале, „Тик – так“ кафаната.

Што значи името? Во Букурешт кога ја отвориле кафаната, во подрумот биле сместени кујните и со лифт јадењето горе идело. Ама тоа лифт-рачен бил. И сега, дале на конкурс да го дадат името на кафаната. Еден приметил, кога јадењето се носело горе и му текнало, демек „тик-так“, демек тамо за Румуните, тоа значи, нешто ете, притиснеш дугме, демек и јадењето ти доваѓа горе.

 

(Томислав Стојаноски, 1937)

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена