Поврзи се со нас

Фељтон

Така се зборува во Гостивар (25)

Објавено

на

 

Животот во Гостивар некогаш…

 

Културата беше добра ваке. Овјаа кој беа на гурбет, гурбетџии во Руминија, во Србија, во Бугарија помалку имаше и свите внесуваа в село, ќе видē таму и ќе донесē нешто новина. Да бидат пред куќите малу подобро, да се поправат, да имāт постела, не да имат ојња, на рогожа како што сме спиеле, разбираш. А имало и такви уште останато долго време. На пример, еве ја во Тетово кога одев да учам со опинци одев. Во Тетово ко учев гимназија. И нé-беше ништо чудно тō што вака одиш во опинчиња. И тија деца што идеа од село подобро поминуваа, побргу завршуваа и факултéт и све. Имаше талéнти, еев `о на пример Радонав Павлоски – каков талéнт излезе. Д`останеше некаде тамо в село ништо не-ќé-беше. И градот беше така, напреден. Имаше многу, вака, разбирање и од страна на старите луѓе. Ето, со свој погледи бē. Младите малку не-мóжē да влијáат толку, зошто пред она бивша Југославија, крáлевина…Е, беше страв и трепет овјаа, жандарите. Гонē тија малу, вака. После видоа и тија, ќе видат не прајме ништо и:Ајде, немој да узнемираваш. Луѓето работаат. Нé бркаа, али мие ќе се склоневме, позади ова ќе завртиме, ќе `и послушаме.

Ако немаше, вака, средства, али односот помеѓу лушето никојпǎт нé-можам да го заборавам. Било да се Турци, било Македóнци. Не само ја, што седев овдека, еве и Томче (Серафимовски) знǎет и турски и шиптарски знǎет. Тоа е убаво, нé-е лошо. И тија, било Велигден – ќе дојдеа на посета. Мие на Бајрам кај ними, исто така. Тоа, значи, еден гест многу добар е. Односот значи  бил однос пријателски. Искрен, од се` срце, не нешто наместено, вака.

Сега ќе застанеме вака и викаме: Е, камо го тоа време!. Вистина, немало. Сега имаш средства модерни, тога било примитивно. Али било све искрено, све óд-срце. Немало, на пример, меѓу тиа етнички односите да било омраза меѓу л`уѓето. И меѓу децата. Да има карање, да се расправаат – не, никако. И што повеќе. Ако има нешто тō л`уѓето сами го решавале. Ќе се искарале, ќе се извинеле. Се простувало, тоа немало некое заоштрување меѓу децата, и децата и л`уѓето.

(Саво Серафимоски, 1920)

 

Извадок од книгата „Така се зборува во Гостивар“ од Боге Димитриески

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена