Поврзи се со нас

Фељтон

Така се зборува во Гостивар (26)

Објавено

на

 

Во дваесет и шестиот извадок од книгата „Така се зборува во Гостивар“ од Боге Димитриески ви пренесуваме опис на гостиварската чаршија во минатото.

 

Гостиварската чаршија

 

Центарот кај што е имаше порано џамија. За време окупација ја рушија тā џамија и сега е парк, паркче е напраено. И овде имаше џамија, кај овјā-ве, кај дуќаниве, нема педесет метра одовде. Овјā дуќаниве околу-наоколу што се тука. Центарот беше интерéсен, имаше насреде тука црница и имаше една чешма за пиење вода направена, вака, за луѓе кога доаѓаат óд-село во град на пазар. Користеа и граѓаните тука пǎлнеа, ти реков секоа куќа имаше óна-нé тулумба. Што бучит, вајат вода óд-земја. Имавме и ние до скоро, користевме. Имат уште во некои куќи стари чуваат. Ако дојдет, нема вода, ними ќе му туриш, а водата е многу ниско, на три-четири метра излагат. Имат една рǎчка, имат една гума и еден вентил, па се дигат тој. Тоа пумпа го викаат. А мие тулумба го викавме. Тоа е стар збор, а пумпа е сега модерно.

Е, тука во центарот беа дуќаните. И општината беше баш во центарот на градот. И тука све тесни уличиња бēǎ, само имаше малу еден дел, кај што се вика плоштáдот, тā, црница. Тука беше џамијата, тā старата џамија беше. Ја е памтам и тā и овā овдека што беǎ. И многу убав беше, градот беше чист. И фењери по улиците за осветлување и имаше еден стáр-човек овде, комшија, тој беше тобошар. Чукаше  на тобош и објавуваше некои наредби од Општината што ќе издаеше, извештај што имаше Општината. Тој одеше по градот и на секој ќош, на едно двеста, триста метри ќе чукаше на тој барабанот и објавуваше. Понатака, на центарот имаше ан. Ан имаше Стево, после имаше кај Сāт-кулата друг еден ан. Тие беа све селски анови. И нашава кафана прво беше селски ан. Туе повеќе идē, ке мие што бевме овдека на ќошов, Поречаниве доаѓā тука. Имаше кафáна ќошот „Шар Планина“, работеше други, али беше од тáтка-ми, а тáтко-ми имаше меана. И имаше óна-нé, како-сé-викат, клет и тука идеа овјā коњиве ко ќе дојдат од Поречаниве, ќе се растоварēǎ со она штп го продаваа тамо, јаболка, јемиш што продавале и ќумур. Имаше од Цероо, Волче, од Растеш идеа тука.

 

(Саво Серафимоски, 1920)

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена