Поврзи се со нас

Фељтон

Така се зборува во Гостивар (27)

Објавено

на

    Е, така било тоа време. Шо да ти кажуам… А бе, немало, староврéмски се мачеле л`удите све со пол`опривреда, со тоа се занимале. И печалба, оделе на печалба. Белград. Живеле по подруми, по тавани, се бореле. Ја одев и Белград, знǎш, да видам да прошетам, да видам овјā печалбари наши какó-живат. Нáд-ними се префрл`аат, да извиниш, и кокошки и нá-таван што стоеле и она, да спијат, само да-не-плáќаат. Работеле за десет динари… Сто-и-пéдесет динара месечно. Работеле. Цéл-ден. Носеле на четврти спрат, на петти спрат зградите, носеле цигли све со самарчиња. Носеа. Се мǎчеа така. Народот многу имал тежок живот живеано. И заработувале.

    (Неофит Синадиновски, 1912)

     

    За животот печáлбарски сега ќе ти кажам. Животот печалбáрски зá-ними било тоа некое откритие големо, зашто тáтко-ми бил и на друго место. Тáтко-ми бил и во Египат. И не му се бендисало тамо. И така со двајца или тројца другари заедно решиле д’одат тамо. Спечалиле некој динар и сеа ќ` одат право за Америка. И стигнōт во Америка и вика: враќање нема. Дур не сториме нешто, враќање нема. А домашните нé- биле остаени без да биде осигурано, мислам това чуена фамилија Дуцеска, стариот, тој дéдо ми Дуце. Све да има дома. Дури да има и по два измеќара. Едниот, кој ќе колебат децата, а другиот па, да биде спол`ни момак. Ова све што ти `о кажом е по кажување на мáјка ми. И од мáјка ми, и од стрина ми, и од други кои иделе жени на муабет, таков бил животот. Е толку. За фамилијата толку.

    (Ѕвезда Китановиќ, 1929)

     

    Од книгата „Така се зборува во Гостивар“ од Боге Димитриески

     

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 7 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена