Фељтон
Така се зборува во Гостивар (28)

Што е кашаник и како се прави, прочитајте во неделниот извадок од книгата „Така се зборува во Гостивар“ од Боге Димитриески
Највише ја, како ја што сум сакала, тоа било што се праит на Стара нова година. Тоа се вика кашаник. Тој комат. Се замесоат едно тесто со пченкарно брашно, едно тесто со чисто брашно. Е сеа требело да имат два сāча. Тепсијата се турат на пиростија (како праела мáјка-ми). На пиростија и се турат прво чистото брашно. Прво се мачкат тепсијата со мас. И ова се праит со пресна мас, да биде поубоо. Тоа што е со чиосто брашно, само со вода се меси; тоа што е со пченкарно брашно само со јајца и со млеко. Е, ке нам ќе турат со кутлача голема. Некој праеле и со ѓезве, имам видено. Стрина-ми со ѓезве ќе тураше. Тепсија голема бакарна. Ќе ја намачкаат со мас, па ќе турат една кутлача, колку да се покриет тǎнка, како палачинкине што е тǎнко, да се покриет. Па сāчот го туриле. Другиот сāч веќе е турен да се греет. Тоа нé требе многу. за пет минута. Многу е и пет минута – да се зацрвенит. Ќим е ова готово, овја сāч се трга, се тура пченкарна една кора. Со јајца. Се турат сāчот што се греет. Другиот веќе одит да се греет. Таке: ред тоа, ред тоа, ред тоа. И тоа ќе се напраит колку три-прста, вака. Кашаник, најзгоре опет со чиста мас ќе ’о попарат да светнет тоа и го сечат на калапчиња поголеми. И туе париче турат и за Старата нова година што викаме мие Василица. И во тоа. Тој бил (за мене) најубавиот комат. Дури ми текнало ко бев бремена со Томчета, значи пред четириесет години, пред четириесет и една (сега ќе праит Томче, на треќи октомбар четириесет и една година). Бев бремена и на мǎжот му викам, многу лошо поднесоав таа бременос и ми викат:
– А бе нешто да кǎснеше.
– Ах да ти кажам што-ми-сé јадет, одма ќе оздраам.
– Како мори ќе оздраеш?
-Таке, ќе оздраам, ако јадам као кашаник.
– Па кого да фаќам да ти напраит, викат. (Па имаше една позната, мǎж му работел со Станиша, овја Владо Никодиноски жéна му. И пошол ке неа.)
-Штó требет да ти донесам?
– Кашаник и друго ништо. Звезда е пружена…
Одма почнала да `о праит. Па ја цела недела сум се бавела со тоа. Ништо друго. Само тоа. И ден-денеска, кога е таја болна, ја ќ` одам е видам: ја стара, таа постара, ќ` одам да е видам, ќе му однесам локум, малу кафе и: Ова ти е за коматот што-ми-го-нáпраи тога, ко бев болна.
(Ѕвезда Китановиќ, 1929)
-
Македонијапред 3 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 3 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја