Поврзи се со нас

Гостиарски

„Така се зборува во Гостивар“ (3)

Објавено

на

    Постновогодишно, оваа недела ви пренесуваме уште една приказна од книгата „Така се зборува во Гостивар“ од авторот Боге Димитриески. Раскажувањето се однесува на животот и состојбите во градот пред почетокот на Втората светска војна.

     

    Тука повечко имало анџии. Сите л`уѓе, вака, коишто оделе во туѓи земји да печалат пари, тука преноќувале и по това оделе во своите села. Во тоа време така наречени имале и качаци во бившата Југославија и предбившата Југославија, значи. Како што печалеле пари, така биле и ограбувани. По патот ќе `и сретнеле тија качаци, ќе `и ограбеле и овие немале што, празни нé-могле да се вратат, пак назад оделе за да дадат пак некоа егзистенција на нивното семејство и ги праќале по други л`уѓе, вака, за да можат да егзистираат. Тоа. Иначе градот јас го памтам после ослободувањето, градот беше четири и пол илјади жители. Имавме тука, во Гостивар една, тоес две цркви и едно црквиче мало, кадешто беше градено вака со дрвени…„Света Петка“ се вика. А потоа се прошири малку и така и тоа се изгради со цврс материјáл. Иначе, имавме џамии тука, памтам јас, имаше една џамија во центарот на градот, една џамија вамо во, према улица „Осумнаести ноември“, тоес, во сегашниот, спроти Културниот дом и една џамија имаше кај малото пазарче. Во тоа време тија дуќаните `и викаа џамиски дуќани. Градот, вака, се развивал постепено. Моите родители и нивите браќа, тоес мои стриковци почнале тука да градат објекти, вака, мислам, посовремени во тоа време. Иначе градот повечко вака се развивал со доселеници. Како први доселеници, ги памтам јас, калајџиите. Е, вака, се населиле повечко во денешна улица „Панче Попоски“. Па, потоа, исто така, галичаните. Галичаните се лоцирале околу касарните и околу улицата „ЈНА“, таканаречена Дебарска улица.

     

    Максим Крстески 1931

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 2 недели

    9 мај – Ден на победата над фашизмот

    Гостиварпред 4 недели

    Прекин на водата утре во Гостивар, објави вечерва Комуналец

    Спортпред 4 недели

    Три злата и две бронзи за македонските борци на ММА турнир во Грција

    Рецептипред 4 недели

    Пролетна освежителна салата со јаболко и спанаќ

    Деца Родителипред 4 недели

    Шест корисни попладневни навики за децата кои одат во училиште и нивните родители

    Гостиварпред 3 недели

    Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска од Гостивар се зет и невеста на Галичка свадба 2025

    Спортпред 4 недели

    Ливерпул по 20-ти пат шампион на Англија

    Видео емисиипред 3 недели

    ВИДЕО | Мајстор Рашит од Гостивар, прочуениот кројач со златни раце

    Писмапред 2 недели

    ПИСМА: Жители од зградите кај пазарот во Гостивар стравуваат од брзи возачи: Дали треба човечки живот да згасне за да се преземе нешто?

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 7 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена