Фељтон
Така се зборува во Гостивар (30)

Викендов во Галичник се одржува традиционалната Галичка свадба. Во книгата „Така се зборува во Гостивар“ од Боге Димитриески бележано е раскажување за познатата галичка носија на невестата, кое го споделуваме неделава со вас.
Народна носија
Имат, во галичката носија три врсти на носии: имат носија што носат девојките, имат носија што носат невестите, невестинска носија и постариве жени што носат носии. Невестинската носија, тā е голема, све со срма. Имаш клашеник. Бел, ткаен клашеник, со гајтани. Имаш мантанот – тој све со срма и копчиња срмени. Кошула имаш, вака, и мантанот. Клашеникот имат, нé-знǎм како и викаат, сум ги забораил, два дела, ваке спуштени, толку така широки, овдека спуштени, превиткани овдека, како рǎкаи се тие, толку така широки. Па јас имам зборуано осумдесет и пета, шеста година со една жена галичанка, стара. Тоа време платила четири и-пол илјади марки комплет, цела. Минтанот со срма, со срма да е го шијат. И затоа многу луѓе тија-гóдини што работеа на тој-зáнает станаа големи…Големи приходи остварија.
Доламата беше девојачка. Таа беше исцело долама, ткаена, во црвена боја. Со тие и таа беше и кошула имаше обавезно. Кошулите им беа негде една педа подǎлги од доламата. Од клашеникот. Кǎј невестинското се викаше „клашеник“. А каде моминската руба се викаше „долама“. Исто и туе кошул`ата беше подугачка. Помалу, али подугачка, да се гледат. Штиркани, перени, каренчар – мие в Галичник ги викаме „каренчар“. Со реси, плетени реси околу…И имавме стари сребрени пари – до овде и еден овде, на сред појас наредени. Па, богами, тие се негде, од деветстотата, илјду осумстотата година. Такви стари сребрени пари. Голема предност сега ќе имаат во овие, речи `и што `и чуваат стариве пари, како `и викаат, `и забораам..нумизматирачи. Турски пари од деветсто, изјада осамсто и нé-знǎм кои. Али, тие беа, да ви кажам, све залепени. Али, кога ќ` играт невестата:бǎп, бǎп! – само се тресат и удираат.
(Манојло Канчески, 1937)
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение