Фељтон
Така се зборува во Гостивар (32)

Со денешниот извадок од книгата посветена на гостиварското минато, приказни и дијалект го завршуваме осуммесечното објавување на делови од овој труд. Gostivarpress.mk упатува благодарност до авторот Боге Димитриески за соработката преку која читателите можеа да уживаат во интересни раскажувања и сведоштва за градот во различни периоди од неговата историја.
И така, ти кажуам, животот така течел. Со работи, со труд, еве ништо немало. Прво и прво, Гостивар немал струја. За време на бивша Југославија, прератна, одвáј дојдофме до струја. Едвáј на тáтко-ми покојни беше во Одборот, в Општина, имавме послáник Угрин, Угрин. Тога беше преседник. Има подвала, донесоа одлука Општинава за да изградат централа една мала Вртуток. За да доет до струја. И мие спроведовме као треќи во Гостиар, после некоја два-трóјца, погазди, поимоќни, спроведоа струја и миа, а Турците све беа против, викаа: „против господа е тоа“. Струјата е против господа. По темнина…се одело по темнина. На триста метра по едно фењерче имало. Ама нé-било ол`кав проширен Гостиар. Немало…Една-улица, две и-тоа ќори-улици. Не со план. Немало.
Пазарот бил ка од плоштадон по улица, по редина улицата, па све до…како да-ти-речам…до „Социјалноно“. По сред улица бил пазарот. Е, тоа било пазар. А сточниот пазар бил ке Вардар, онамо. Вардар тога еден дел имаше само онаков, другото, на пример паркон, да имаше, да имаше паркот простор едно двесте квадрати, триста. Другото све го пасеше Вардар. Е па сеа благодарение на тоа, тā ширина остана игралиштето, на пример ене она шо го насипуаат, тоа све Вардар го пасеше и благодарение се аима баре, знǎеш, да се прошират овјаа детски игралишта и онакво, простор. И паркот заличе на парк. Иначе ништо немало. Пустарија. Живиш као…Бетер од стока. И се занимале народов овде, све по една крава, по две крави. Се орало све со волои. Со стока се занимал цел град! Тога, за своето време. Вие сеа немате затекнато. Не е чудо. Немало куќа шо немала крава или бар вол. Еден вол. Кој имал нива, морал и да им вол.
(Нофит Синадиноски, 1912)
КРАЈ
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 недели
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 3 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 1 месец
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 1 недела
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава