Поврзи се со нас

Вести

Така се зборува во Гостивар (4) – За славење на празници

Објавено

на

Во духот на празниците и празничната атмосфера, оваа недела од книгата „Така се зборува во Гостивар“ од Боге Димитриески, споделуваме извадок кој се однесува на славењето на Бадник и на Божиќ во минатото во Гостивар. Прочитајте какви биле обичаите, подготовките и што морало задолжително да се најде на трпезата за празниците.

 

Тоа, мие сме чекале стварно да доет некој празник, зашто свекој празник с` имат свои обичаи. Зависи кóга-е. Ако е за Божиќ-што, ако е за Велигден-што. На пример, за Бǎдник, обавезно свекоа куќа имаше риба. Да се постави риба: дали печена, дали пржена-било како. Да се меси комат, да се меси во коматот – некој лепче ќе месеа. Спрема куќата, спрема можностите. Некој во коматот ќе стаеа париче и цел комат ќе се стаи навечер. Бǎдникот ќе се запали. Е, сега, мајката ли, постар човек ќе го одвои тоа, зависи ке кого ќе падне паричето. Свите сакаме да паднет, али тоа е само едно париче. – Што значи тоа ако падне паричето?- Е, па, ќе биде тој, цела година ќе има среќа, ќе има добит, ќе биде здрав-во тоа гледале старите, ако е тоа нешто таке. Е, тоа се праело за Бǎдник. За Боѓиќ се праела друга софра. Обавезно се имало прасенце мало испечено. Тоа е Божиќ. Више е мрсно, има л`уди кои седум недели постеле:ни зејтин, ни ништо! И сеа го чекаат тој ден, таке, со убō. Свекоа куќа, ќ` имала, ка што ти реков, према можностите, спремено. Не како сега што се праат торти разни. Куќата наша се рачунала една од најбогатите, ама торти не! Ја ќе си кажам отворено што се праело. Обавезно ќе имаше баклаа дома напраена. Со многу ореси. Со чисто путер напраено тоа. Е, ќе имало, од торта тоа е, обичен пандишман, изматен и внǎтра турено сувó-грозје, лешниви, ореси цацкани све и тоа ќе биде испечено, не филувано, него испечено. Пандишман го викале нашите, а тоа е еден вид како торта. Со јајца, со брашно се меси, со тоа. Како викаат, ова, како кох, сега викаат „кох“, или торта попарена со млеко. Е, тога така тоа го праеле. Слатко обавéзно. Најпрво ќе служеле слатко кој имат. Е па сега, негде ќе турат и такво слатко и такво слатко. Па мáјка-ми викаше „ја празникот го почноам и го славам со мед домашен. Тоа е благословено и од бога.“ Таја мед ќе им стаеше и свите ќе бидат послужени со мед. Мие зашто, помали, да н` ни паднат табаките, мáјка-ми од фамилијата на тáтко-ми ќе викнеше некоа поголема девојка, па ќе му купи папучи, па ќе му купи кецел`а и за тоа време на славата да служи. Нé-било како сега, ќе извадиш, ќе туриш нá-астал па да седи, него девојчињата иделе:една прво слатко служи и вода, ќе замине ке свите и ќе оди. Имало л`уди кога ќе речат: Ќ` одите каде Голуба на слава да видиме какви девојчиња имат. Дали има нешто за нашите деца„. Таке било и гледањето тога. Тоа било и прилика за да се видат. Друга девојка ќе влезе, ќе послужи со колáчи. Па тога, само ќе `и послужи, еве ваке. Е сега, асталот служел за да има цвеќе многу убаво, да има чаршав многу убав со срма ли, со ошто на онǎкво и помали две околу асталот, дигнати, како асталчиња мали-тија служеле како пепељáри за цигари. Така било. Што појќе јастачиња навезени на креветите, тō било пубоо, што пубаи завеси навезени, тоа било пубоо. Таја соба ке што се чекале гостите, сега сигурно би рекол некој:„ова ка некој музеј стар“. Све да биде ручни рад извезено, наместено. Једино, само ќилимите пиротски што биле…Па и тије ручно изработени. Све тоа девојките, жените. Мие сме биле мали, али тáтко-ми ко ќ` идеше, ко ќе дојдел после четири-гóдини и нешто се искинало ли нешто, се расипало – се оновоат за да биде ново, за да има убō. Како кроз сон памтам ко рече: „имам пријател кој сум заедно во Америка толку години, требет да му однесам аманет (аманет се викат тоа што го пратија од тамо), а и да ми кажат домашните ќе можам да купам јамбулии убаи, битолски“. Немало тога во Гостивар. И мие бевме изненадени, тáтко-ми ни донесе јамбулии, убаи дома д` имаме. И после, рече, „сега, овја пǎт више девојчињата сǎ поголеми“.

Така, имавме едно беше као соба за прием, тоа башка, него, пред собата еден ходник, беше голем и вика: „еден крај од тоа ќе го наредиме по турски“.Купил еден мангал многу убав-од, не од бакар, од месинг. Со многу убаво постоље ке се тураше мангалот. Постекии (постекија се вика кожа штавена, со повише да е, со вǎлна да е). Па јамбулијата нá-стреде. Па турски јастаци по крај. Горе од крај до крај да биде со голема чипка наредено. Тоа служеше ко ќе ни доеа, ние куќата наша беше стреде, наоколу беа Турци свите.

(Ѕвезда Китановиќ 1929)

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 16 минути

Молк пред утрешните претседателски избори – Денес гласаат болни, затвореници, лица во старските домови

Спортпред 2 часа

Интернационале Милано по 20 пат шампион на Италија

Македонијапред 2 часа

Сообраќајот по влажни коловози, застои нема

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Гостиварпред 17 часа

Лични документи можат да се подигнат и во среда

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 18 часа

За гласање утре во Гостивар пријавени 129 болни и немоќни, во Врапчиште 30

Гостиварпред 19 часа

Верни на традицијата-ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ со Велигденски концерт во четврток

Гостиварпред 20 часа

Ученици од Гостивар создаваа ликовни дела според прочитани книги

Македонијапред 21 час

Горивата со нови цени од ноќеска на полноќ

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена