Гостиарски
Така се зборува во Гостивар (5) – Празнувања
Објавено
пред 4 годинина

Неделата е резервирана за извадоци од книгата „Така се зборува во Гостивар“ од Боге Димитриески. Јануари е месец на празници, па затоа продолжуваме со приказни во кои се опишуваат традициите и обичаите на празнувањата во Гостивар и гостиварско.
Бǎдник. Пред Божиќ доаѓа Бǎдник. После Новата година доваѓа Бǎдник. На шести јануар. Е, сабāлето, на Бǎдник сабалето деца, ја сум бил малав, праевмо, ќе чукамо по куќи:Коледе леде. И ќе викамо: „Коледе леде/паднало греде/утепало деде/деде се мǎчи/баба го квачи/со четири јајца/гускини/шаткини/урааа, утре е Божиќ!“. Па имаше уште песми: „Божиќ Божиќ Бата/носи чоколата/да позлати врата…“. И ќе излезеа жени, разбираш, сабāле рано и ќе ни дадеа, разбираш, по едно стó-паре, по едно динарче, кој оравчина, кој јабучина, кој костǎнчина и ќе си заминевмо. Дента Бǎдник, значи тō беше сабāле рано и вечерта на бǎдник дома ќе донесемо и ќе го запǎлимо у шпорет. Дрвце, стапче од бǎдник. Тоа обичајот правослáвни таков е. Ќе го напраиш дома у шпоретче. И мајка ќе напраи лукче. Има една пословица, па вика:„Баба сече лук, дедо стана како вук. Купи риба, осоли се, пиј винце, нáпи-се!“.
И утре е Божиќ. Демек, ќ` идемо у црква. Одимо у црква, разбираш, ќе заврши службата у црква и после се идеше прво кǎј кумот. Кој е демек она, прави православен, ќе иде прво кај кумот да му честита празникот, зашто кумот е, кумството е нǎјјако. Кумот е господ у куќата. Знаеш, тоа ти е, ја нé-знǎм, во Србија многу го праа кумот као бог да е. А и овде. Па сеа тиа обичаи `и нема. Е, отпосле тоа, разбираш, се завршуе тоа, ќ` идеш визити, по визити ќ` ида ќе шетаа, ќ` онада.
По тоа доаѓа Нова година, нашата Стара нова година. Е исто така сабāле деца ние, разбираш ќ` идемо со дренче, ќе земемо еден прǎт дренче со дрен идемо по куќи, чукамо: „Трǎка, трǎка Василица/дáј-ми бабо сланиница/да нараним дечињата/да им пукне мешината“. И ќ` излезат пак ќе ни дадат костǎнчина трō. И дома мајката ќе меси коматче. И у коматот става париче: кој ќе го најде паричето среќен ќе биде цела година. И пак визите. Ќе шетаа исто Новата-гóдина, наша, Стара нова- гóдина. И доќек по правила и све.
Е, кој завршуе Нова-гóдина, доаѓа Богојавлене. Водици. Што ги викамо Водици мие. Е, на осумнаести е водопос. Н` осумнǎести с` иде у црква, се зема водичка, демек, мали деца кој има, тогај крстојте ги врзуваат. А па на деветнаести јануар, Богојавлене кога пајат, тогај пак крстот се фрл`а у Вардар. Е, тоа шо ќе го фати крстот и ќе шета после низ градот и ќе си бере паре. Таја вода дента ко ќа га наполниш од црква (сефте у црква го фрл`аја крстот) , цела година седи, не замиришуе. На деветнаести. Од утрента ќе замирише за пéт-дена. А таја цела година да сејт не замиришует. Ете, имат некоа сила, Господ. Господō-рáбота. Ја то сум приметил, право да ти кажам, не замиришуе водава уóпште. Е, обичаите се знǎе, Водици. Не рабóтамо, седимо, јадемо, си пиемо, разбираш. Сеа нé-знǎм како-го-викаат Богојавлене, Водици. Утрото Свети Јован је, Свети Јован крстител.
Е, заминаа Водици, сеа доваѓаа Велики постои, Покладе. На Покладе, тогај, се пали огињ. Дента, вечерта ќе палимо огињ, утре Покладе е. Демек, дǎнеска Покладе е, а утре пос. Е сега дома, раније обичајот наш беше ваков. Ќе амкамо јајце. Знǎеш што е „амкање“? На конче ќе го врзеа јајцето и ќе го вртеа и кој ќе го фати со уста. „Ам!“ да го фати со уста и таке. Тоа, кончето, па ќе го запалат со ќибрит. Или со чакамче ќе гори, ќе викаа :„А, баба Рога, бегај тамо!“ И таке дур` да изгори кончето. И утрото пос. Се постело, л`уди постат шес-нéдели за Велигден постат. Тија постат разбираш, и мие сме постеле и ја сум постел, една-нéдел`а.
Тодорије, у субота паја Тодорије, тогај ќе се причестимо. Една-нéдел`а ќе постиш, ќе се причестиш. Секоа година тоа сум праел ја. Па сите праат таке. Ама имаше тогај обичај (сега го нема тој-óбичај) дејчина од село, од градот ќе се собера, ќе шетаа и ќе се бендисуāт со деца, разбираш, кој кого да земе, како да земе. Тога било таке. На Тодорие било обичаи на дејчината да може да се мǎжи она. И ќе прата после стројникот: го сакаме тој фил`ан за фил`ан. Сега го нема тоа. Сега знǎеш какó-ти-е, сега сами се земаа.
Михајло Михајлоски 1928
Вработувања Полог:

Двајца браќа се товарат за насилство во Гостивар, нападнале жена и две машки лица

Во што ја претворивме Земјата за помалку од 40 години?

Гостиварци хумани – даруваат крвна плазма за лекување на ковид болни

Девојка од Гостивар пријавила силување во куќа каде татко и‘ ја омажил сосила

Денеска регистрирани се 603 нови случаи на ковид, починати 39 лица

Од први мај почнува електронски упис на првачињата, следуваат обуки за училиштата

Ги нападнал сопругата, синот и снаата, а во ПС Гостивар оштетил просторија

Нелегална сеча на дрва – ОВР Гостивар приведе две лица

КК Гостивар денеска му гостува на KK Вардар во Скопје

Нов Ултра леток на Ултра Маркети, заштедете до 48%

МОНТЕНЕГРО МАРКЕТИ: Нова месечна акција (16.04.21 – 15.05.21)

Детали од официјалното упатство за вакцината СПУТНИК – мерки на претпазливост, реакции…

Денот што го чекавте! Отворени новите УЛТРА МАРКЕТИ во Гостивар, одлична понуда и квалитет, прифатливи цени

Во Албанија уапсен гостиварец баран од Интерпол

Тажна вест-Почина познатиот актер Луран Ахмети

Тромботичен ефект кај девојка од Македонија која примила „Астра Зенека“ во Србија

На поларно време и снег Гостивар маршираше во чест на жртвите во автобуската несреќа

Како се прославуваше Водици во Гостивар од 2016 до 2020 година (галерија)

На Градскиот стадион во Гостивар: ФК Гостивар – ФК Вардар Форино 1:0 (фото)

На Градскиот стадион во Гостивар: Вардар Форино – Вардар Скопје (8:9)

ПРОТЕСТ – Русино е смрт! Белите дробови ни се црни! Сакаме цвеќе, не сакаме депонија!

Кошаркарскиот клуб Гостивар започна со подготовките за сезоната 2020/2021

ГОСТИВАР МОРА ДА ДИШЕ! Протест бр.2 (фотогалерија)

Априлијада на Gostivarpress.mk (втор дел)
Популарно изминативе 100 дена
- Гостиварпред 2 месеци
Земјотрес почувствуван во Гостивар
- Занимливостипред 2 месеци
Погледнете ги најинтересните и најчудни автомобили на светот
- Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
- Спортпред 4 недели
КК Гостивар денеска му гостува на KK Вардар во Скопје
- Гостиарскипред 2 месеци
Првата клапа на „Гостиварскиот Роки“ е снимена :))
- Гостиварпред 3 месеци
Државата ќе дава пари за купување ПВЦ прозорци, печки на пелети, сончеви колектори…
- Гостиварпред 2 месеци
Од полноќ горивата поскапи за половина до 1,5 денар
- Македонијапред 2 месеци
Годишнина од смртта на претседателот Трајковски – Каква порака испрати при последната посета на Гостивар?