Гостивар
Тамара Грујеска повторно се закити со највисока награда на музички фестивал во Естонија

Четиринаесетгодишната Тамара Грујеска од Гостивар продолжува со успесите на музичко поле. Последниот во низата доаѓа од Интернационалниот музички фестивал TALLINN VOICE во Естонија, каде пејачката се закити со највисока награда-Гран При. Освен тоа, таа освои и први места во категории џез-поп пеење и светски хит.
Фестивалот се одржуваше на 2 и 3 мај, а Тамара беше преставник на Македонија.
Младата гостиварка претходно на престижниот музички фестивал Сан Ремо Јуниор 2025 во Италија освои трето место. Во својата кариера има запишано бројни успеси. Ја претставуваше Македонија на детската Евровизија во Ница-Франција, има добиено гран при награди на фестивали во Русија, Србија и Грција, како и награди на фестивали во Македонија.
Тамара најави дека годинава планира да издаде две нови песни, и да оствари настапи на Musicland во Битола, Охрид и на други фестивали и концерти во земјава.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос