Поврзи се со нас

Гостивар

Тамара Грујеска во пресрет на Јуниорски Евросонг: Со нетрпение го чекам настапот во Ница, ќе дадам максимум од себе

Младата гостиварка со моќен глас Тамара Грујеска кон крајот на месецов заминува во Ница, Франција како  претставник на Македонија на Јуниорскиот Евросонг 2023. На ова престижно музичко натпреварување Тамара ќе се претстави со песната „Кажи ми, кажи ми кој” (Tell me who), за која музиката ја создаде Роберт Билбилов, микс и мастеринг Дарко Димитров и Роберт Билбилов, додека текстот е заеднички на Билбилов и Коста Петров. Изминатиот период дванаестгодишната пејачка со својот тим и соработниците посветено работат на подготовките за настапот на Јуниорски Евросонг, што ќе се одржува на 26 ноември.

Во интервју за Gostivarpress.mk Тамара открива за текот на подготовките, значењето на поддршката што ја добива, очекувањата и предизвиците околу настапот…   

Објавено

на

 

Опиши ни како се чувствуваш сега, откако ти се исполни една голема желба, а тоа е да ја претставуваш Македонија на детски Евросонг

Чувството е неописливо. Неколку месеци сум пресреќна и превозбудена и со големо нетрпение чекам да настапам на таа голема сцена пред цела Европа, каде што ќе го дадам својот максимум за да ја претставам Македонија во најдобро светло и да ги освојам срцата на сите слушатели и гледачи.

Колку време се подготвуваш за настапот, како течат подготовките, дали е напорно со оглед дека имаш обврски и на училиште? Кој се‘ е вклучен во тимот?

За настапот се подготвувам секојдневно. Заедно со Љупка Јакимовска која е режисерот кој ќе се погрижи за сценскиот настап во Ница, макотрпно работиме секојдневно. Кога станува збор за нешта кои се работат со љубов и од срце, нема простор каде да се вметне напорноста, па така сите обврски без мака ги завршувам на време. Голема благодарност до Македонската радио-телевизија која ми даде можност да бидам претставник на Македонија на овогодинешниот Јуниорски Евросонг во Ница, им благодарам за максималната поддршка која ми ја пружаат и се со мене од самиот почеток. Големо благодарам и до моето училиште, до директорката и класната што секогаш со цело срце ми излегуваат во пресрет и имаат целосно разбирање за се. Исто така, за мојот изглед во Ница, како и за спотот загрижени се Ангелина и Ива од KTN Clothing. Со нетрпение чекам да ви го претставиме комплетниот изглед и сценскиот настап, кој ќе имате прилика да го видите на финалната вечер од Јуниорскиот Евросонг на 26 ноември, со пренос во живо на МРТ 1.

Какви совети добиваш од музичарите со кои соработуваш за детски Евросонг во однос на пеењето, и целокупниот настап на сцената?

Голем број совети добивам секојдневно од многу искусни музичари. Но, оваа прилика ќе ја издвојам, за да им се заблагодарам на Наташа Миха – мојата професорка по соло пеење и Љупка Јакимовска чиишто совети максимално ги прифаќам и применувам.

Што ти претставува најголем предизвик за настапот во Ница и кои се твоите очекувања од ова натпреварување?

Најголем предизвик за мене е да застанам на таа голема сцена и да ја претставам Македонија во најдобро можно светло пред цела Европа. Големи очекувања немам, најбитна ми е дружбата со учесниците и целата таа позитивна атмосфера што ќе ја создадеме во тие седум дена, да ми останат трајно врежани во моите сеќавања, а се останато е бонус за мене и целиот тим.

Кој од останатите учесници ти остави добар впечаток со својата песна и зошто?

Искрена да бидам, не можам да одвојам, бидејќи сите учесници вклучувајќи ме и мене имаме одлична замислена визија која сакаме да ја претставиме најдобро што умееме. Сите се одлични на свој начин, а јас најмногу ценам кога некој е свој и оригинален во тоа што го работи.

Сподели ни некои твои идни планови и желби на полето на музиката

Не сакам предвреме да размислувам за иднината, а планови секако дека постојат. Моментално, максимално сум фокусирана на Јуниорскиот Евросонг и уживам во секој процес поврзан со истиот. А кога се во прашање промените, верувам дека ќе ги има во голем број.

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Македонијапред 2 недели

Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус

Гостиварпред 4 недели

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Вестипред 3 недели

УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ

Гостиварпред 3 недели

Полициски службеник и уште едно лице осомничени за продажба на кокаин во Гостивар, Тетово и Скопје

Гостиварпред 4 недели

Во крводарителната акција на Gо Bikers од Гостивар собрани 20 единици крв

Вестипред 4 недели

Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди

Рецептипред 4 недели

Крем супа од тиква и морков – топло, вкусно и хранливо

Гостиварпред 3 недели

Во Гостивар одбележани 80 години од загинувањето на борецот херој, Сретко Крстески

Гостиварпред 2 недели

Пронајдени гранати при ископ на тротоар во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 3 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 4 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 9 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 9 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 11 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 11 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 1 година

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена