Поврзи се со нас

Гостивар

Тамара на музички фестивал во Русија: Сакам Гостивар и Македонија да се гордеат со мене!

Објавено

на

Единаесетгодишната Тамара Грујевска од Гостивар ги носи музиката и пеењето во срцето и веќе реди успеси на тоа поле. Минатата година учествуваше на три интернационални натпревари и фестивали кадешто освои највисоки награди: Прво место Лауреат прв степен на Фестивалот “Езерски Бисери” во Струга, Гран при на интернационалниот Фестивал “Звездички” во Прилеп и Гран при на Фестивалот “Шкољкице” во Нови Сад Србија со песната “Музиката во мене има дом” од авторите Борче Шабановски и Валентин Соклевски. Тамара деновиве патува за Русија, каако единствен преставник на Македонија на интернационалниот музички фестивал Golden Stars Rain. Ова беше повод да поразговараме со неа околу подготовките, очекувањата, плановите, желбите…

Gostivarpress.mk: Ќе настапиш на меѓународен музички фестивал во Русија? Колку време се подготвуваш, опиши ни како течат подготовите, кои песни ќе ги изведеш…

Тамара Грујевска: Да, ќе настапам на најголемиот и најквалитетниот фестивал кој воедно има и  натпреварувачки карактер,  во Владимир, Русија Golden Stars Rain, кој ќе се одржи од 31 јануари до 7 февруари 2022 год. Се подготвувам веќе два месеци работам на изведбата на песните I Have Nothing од Whitney Houston и Црно и Бело од Калиопи. Двете песни се прекрасни и едни од најтешките за изведба во живо. Исто така работам  и на сценскиот настап, кореографијата и движењата на сцена за да се биде совршено. За таа цел соработувам и со еден од најдобрите модни креатори од Македонија кој исто така е познат во светската модна сцена, почитуваниот  Златко Јованоски JZJ и на мое задоволство ќе носам негова креација изработена специјално за овој настап. На фестивалот ќе има навистина силна конкуренција од околу 150 натпреварувачи од целиот свет. Јас сум единствен претставник од Македонија. Ќе има полуфинална и финална вечер, потоа се доделуваат наградите. Верувам дека успешно ќе ја претставам Македонија. Сакам Гостивар и Македонија да се гордеат со мене.

Gostivarpress.mk: Што за тебе значат вакви настапи на фестивали, манифестации?

Тамара Грујевска: Самата покана да ја претставувам Македонија на овој фестивал за мене е големо достигнување и се надевам дека ќе ја оправдам довербата,фестивалите натпреварите за мене се многу важни бидејќи сите учества и освоени досегашни највисоки награди се доказ за мојот успех пред се и квалитетот кој го поседувам. Тоа е патот  по кој чекорам јас,во светот на музиката каде што има навистина многу квалитетни пејачи од повеќе земји.

Gostivarpress.mk: Како се роди љубовта кон музиката и кои беа твоите почетоци?

Тамара Грујевска: Потекнувам од музичко семејство и гените си го прават своето, моите почетоци се од 5 години со мојот прв настап на Фестивалот Јаболчиња со песната Пепелашка, потоа следуваа и повеќе песнички Прваче, Татковино, Светска звезда, Мојот сон, Лето, Мојата Барбика, и Малечка Самовила на Златно Славејче.

Gostivarpress.mk: Иако имаш само 11 години, веќе е јасно дека музиката и пеењето ќе бидат твоја професија во животот. Кои ти се желбите и плановите?

Тамара Грујевска: Музиката во мене има дом, веќе сум во светот на музиката, и моите планови се да настапувам на големи светски фестивали и натпревари, да освојам што повеќе награди но и да снимам повеќе свои песни и спотови. Сигурно да чекорам кон мојот прв албум. Мојата желба е да ја претставувам Македонија на детски Евросонг, кога ќе дојде време и да учествувам  на Мак Фест но и еден ден да ја претставувам Македонија на Евровизија, но тој пат ќе треба да се изоди со многу труд и вежбање. Би сакала да бидам  на врвот на македонската, балканската но и светската сцена, реално сакам да создадам повеќе албуми од еминентни автори, безброј награди и гостувања, сонувам еден ден  да бидам победник на Мак Фест, но и на други светски фестивали.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 19 минути

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 час

Како гласаше Гостивар во првиот круг на седмите претседателски избори?

Гостиварпред 2 часа

Повеќечасовно минирање кај гостиварска Бањица денес

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Здравје и убавинапред 3 часа

11 намирници за подобра циркулација

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 16 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 16 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена