Гостивар
Тамара од Гостивар вечерва на престижниот фестивал Сан Ремо Јуниор: Ќе пеам во чест на жртвите и повредените во пожарот во Кочани!

По претставувањето на Македонија на детската Евровизија во Ница-Франција, добиени гран при награди на фестивали во Русија, Србија и Грција, гостиварката Тамара Грујеска стигна до престижниот музички фестивал Сан Ремо Јуниор 2025 во Италија.
Таа вечерва (26 март) настапува во финалето на фестивалската сцена во театарот Аристон во Санремо.
„Чест и задоволство ми е што сум избрана да ја претставувам Македонија воедно и мојот град Гостивар на Сан Ремо Јуниор. После настапот на Junior Evrosong во Ница Франција повторно стапнувам на голема светска сцена и ќе настапам во живо со евровизиската победничка песна Rise Like A Phoenix!. Многу сум возбудена за овој момент, се надевам дека ќе ме разберете и поддржите. После она што се случи во нашата земја, овој настап го посветувам на сите жртви, повредени како и нивните семејства од немилиот настан во Кочани. Ќе пеам за сите нив и во нивна чест.“,вели Тамара.
Фестивалот, кој годинава се одржува по шеснаесетти пат, почнува во 21 часот. Пренос во живо може да се следи на фејсбук страница на San Remo Junior.
На сцената, освен младата гостиварка ќе настапат учесници од Казахстан, Белорусија, Франција, Јужна Африка, Црна Гора, Молдавија, Индонезија, Бугарија, Австралија, Италија, Украина, Бразил, Германија, Аргентина, Азербеџан, Финска, Узбекистан, Индија, Австрија, Романија, Русија, Тајланд, Ерменија и Малезија. Пејачите ќе ги придружува оркестарот на Сан Ремо составен од 32 музичари. Фестивалот има натпреварувачки карактер и е наменет за изведувачи од 6 до 15 години.
Тамара годинава планира две нови песни, под менторство на Андријана Јаневска со која и се подготвуваше за фестивалот Сан Ремо, учество на фестивал во Естонија Tallin Voice, како и настапи на Musicland во Битола, Охрид и на други фестивали и концерти во Македонија.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?